Дијаспора

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова

Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет.

Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, и во најновиот број 79 по ред, донесува повеќе актуелни и интересни, записи, описи и прилози за низа поводи, настани и творци на петтиот континент и во Република Македонија.

На почетните страници е приказот за творечкиот опус на поетесата Оливера Јовановска со освртот на Милева Лазова  за стихозбирката осма по ред „Помнете ме по моето“, како и промотивната реч на проф. д-р Солзица Поповска. Истакнувајќи го фактот дека тематски Јовановска се определува за патриотски и печалбарски песни, за песни од животекот и други теми, вешто користејќи архаизми и дијалекти заради сочувување на овие изрази од заборавот, бидејќи тие се сведоштво дека македонскиот јазик е од дамнина.

Во следниот текст е приказот за прекрасната октомвриско-роднокрајно-иселеничката промотивна вечер во Скопје, посветена на антологијата поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на друштвото „Григор Прличев“ од  Сиднеј, и тоа  со инспиративниот приказ на промоторот проф. д-р- Виолета Ачковска, а во организација на Агенцијата за иселеништво и Народната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски. Беше истакнато дека во Австралија живее уште една Македонија, и дека и овој стихопис, оваа антологија, продолжува да биде мостот на поврзување меѓу библиска Македонија и втората татковина Австралија. Како што вели авторот Танаскова – „земја далечна е петтиот континент, каде што век-векуваат стотици илјади наши сонародници од сите делови на македонската земја. Македонските патриоти од перото и стихот испишуваат историја со главната тема – Илинден. Но, испишуваат и пораки и завети за денешната, како и за идната  Македонија.

Од Охрид за промовираните две книги „Славе Катин – живот и дела“ и „Патувањето околу светот“, со што беше одбележан големиот јубилеј 85 години живот и 50 години творештво на познатиот новинар и публицист, автор на 63 книги Катин , за тоа пишува Веле Митановски. Потенцирајќи оти Катин, го достигна хоризонтот на македонската вистина, судбински поврзан со ореолот на македонизмот.

Еден од најактивните членови на писателската асоцијација  од Нов Јужен Велс и библиотекарски посветеник Иван Трпоски, е застапен со приказот од свеченото одбележување на 50-те години училишно-просветен јубилеј на  „11 Октомври“ од Јагуна.  Со впечатлив опис на средбите, емоциите и возбудата на генерации ученици, професори и родители во незаборавната атмосфера во училиштето. На крајот на разделбата со  најчестите  пораки – децата и внуците да продолжат да го изучуваат својот мајчин македонски јазик, македонската историја и култура и да го зачуваат чувството на својата национална припадности на далечниот континент,

Натаму следи текстот од Божин Андовски, „Дадениот завет продолжува“, за Тодор Мицковски, кој по којзнае по која пат допатувал во својата татковина, во своето родно Поешево, битолско, за да исполни аманет на таткото.

На 29-тата страница е освртот на Душан Ристевски Македон, главниот и одговорен уредник на „Повод“ и се однесува  на Изабел Катин Скатоца и нејзината детска тријазична поезија која во 2017 година ја објави Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, насловена како „Дождот на Изабел Катин Скатоца,, од Рим. Напишана е на македонски, италијански и англиски јазик од младата авторка, ќерка на гордите родители Дафинка и Џанпаоло.

Следна е информацијата дека претставите на Македонскиот театар од Сиднеј се достапни на Youtube, и веќе се следат во светот. Во продолжение  авторот Ристо Стефов  доста аналитички се осврнува на бескрајната кампања за да се избриши се што е македонско.

На страницата на „Повод“ е и  објавата за 76-годишниот јубилеј на Матицата на иселениците од Македонија под наслов : Роднокрајно-иселенички мост на поврзување, соработка и незаборав. Во кој се вели, оти Матицата низ  децениите е столбовникот, воспоставувајќи и негувајќи  трајни врски на родната земја  со своите на сите континенти, и тоа низ организирањето најразлични програми, акции, средби, свечености, иселенички карвани, семинари, бизнис – форуми итн.

Додека пак д-р. Атина  Цветановска во објавата информира дека годишна добитничка на наградата Антеово перо е Даниела Андоновска-Трајковска. Во вториот авторски текст Божин Андоновски пишува за меѓународниот фестивал „Книжевни вертикали“, кој во организација на Македонското научно друштво се одржа во  рамките   на Битфест 2026 во градот под Пелистер.

Во прилогот под наслов „Нова теорија за јазикот како систем е“, Гордана Димевска меѓу другото вели дека, научниците ја оспоруваат 70-годишната теорија за јазикот со изненадувачко откритие со кое се тврди дека јазикот функционира во форма  на ,,градежни блокови,,па нашите мозоци ги спојуваат предвидливите низи од зборови.

,,Македонската политичка емиграција (1962-1991),, од Марјан Гијовски е научен труд со кој Гијовски ја одбрани докторската дисертација во Институтот за национална историја. Тој се осврнува и на Австралија, каде по создавањето на современата македонска држава, македонската заедница таму била меѓу најдобро организираните.

Авторот Александар Донски нуди  интересни сознајби во текстот „Легенди за Александар Велики Македонски“ запишани од Марко Поло, истакнувајќи дека во нашата јавност се малку позната тема. Тој  средновековен мореполовец и  патеписец за време на долгото патување од Кина, минал непосредно крај македонскиот брег на Егејот пред да се врати во Венеција во 1295 година. За време на тие повеќе годишни крстарења низ земјите ги  запишал четирите легенди кои ги објавил во својот труд во 1 300 година и  тие се сметаат за најпознати  патеписи во историјата, вели Донски.

Прегледот на содржината на најновиот број на  списанието „Повод“ од петтиот  континент, го завршуваме со информацијата дека на неговите страници, поезија објавуваат Оливера Јовановска, Гордана Димовска, Саво Костадиновски, Изабел Катин Скатоца, Даниела Андовска,Трајковска и Радојка Трајанова.

Најново од: Дијаспора

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

To top