|
|
Комитски ручек (27.05.1995) |
Во минатото, штом ќе пукнела пролетта, комитите се враќале во пазувите на планините. Така, и оваа пролет „комитите“ од Гостивар и Скопје, со својот војвода Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дојдоа на Бистра да се релаксираат од напорниот II Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на 6 и 7 мај годинава. Покрај прошетките низ Бистра и воодушевувањето од природните убавини, комитите успешно го организираа ручекот. На комитски начин, секој сам на жар го печеше месото, а ручекот беше мошне сладок, полеан со шприцер ладен во изворските студени води. Прд ручекот во црквата Св. Петка комитите се помолија на Господ за предвремените избори и власта да ја преземат од своите лути противници. |