|
|
ЧИЕ ИМЕ НОСИ ЕВРОПА? |
Се прашувам, чие име денес го носи континентот Европа?
Да видиме што велат изворите.
Во еден временски период дел од Македонија се именува Европија, во која кралската власт ја имал Европ.(Јустин ,,Филипова историја" 7.1.).
Нема дилема дека тоа е по Европ, синот на Македон, по кого и го носи името Европија.
Во античка Македонија на стари мапи се гледа град Европ, јужно од Гевгелија.
Една од избраничките на Ѕе (за ,,Грците" Зевс), во која се вљубил, е Европа, сестра на Кадмо (Аполодор-3.1.1), основачот на Плакенска Теба, во подножјето на Плакенска планина.
Тоа е онаа планина над Охрид и Требеништа.
Подоцна Кадмо го основал и Лихнид, денешен Охрид (Кристодер од Копт).
Според Хомер (,,Илијада" 14.321), во оваа Теба е родена Европа.
Зарем може да има дилеми од каде потекнува името на континентот Европа.
За жал денес ЕУ ја уцени Македонија да.си го смени името заради влез во ЕУ. ЕУ без Македонија грдо звучи и не би смеела да се замисли без нас.
Ако имаат барем малку нешто демократско во себе, со акламација требаше да бидеме примени.
За жал, ЕУ ваква каква е, фашизоидна и геноцидна, македонскиот народ не ја сака.
Затоа на референдумот на 30.09.2018 год одби да гласа за влез во ЕУ.
|