Обединета Македонска Дијаспора ги отвори номинациите за престижните награди „40 Under 40“ за 2026 година, со кои се оддава признание на истакнати Македонци помлади од 40 години кои оставаат значаен белег ширум светот.
Преку оваа програма, УМД повикува на номинации за талентирани личности со македонско потекло кои покажале исклучителни достигнувања, лидерство и професионален успех во различни области, меѓу кои: технологија, бизнис, недвижности, здравство, финансии, образование, уметност, право, државна администрација и многу други.
Од своето основање до денес, програмата „40 Under 40“ на УМД има одликувано 280 успешни и влијателни личности, афирмирајќи ја новата генерација македонски лидери во светот.
За да може некој да биде добитник на наградата „40 Under 40“, се препорачува номинираниот да биде активен член на УМД.
Повеќе информации за работата и активностите на УМД може да се најдат на официјалната страница на United Macedonian Diaspora