|
|
ОМД се сретна со Брендан О'Конор-новиот австралиски Министер за имиграција и државјанство |
19 февруари 2013 - Мелбурн (Австралија)
- Делегацијата на огранокот на ОМД во Австралија предводена од страна на Ордан Андреевски и заменик претседателот на советот на македонската заедница во Викторија, Александар Мојсовски, се сретна со Брендан О'Конор, австралискиот Министер за имиграција и државјанство. Средбата се одржа во канцеларијата на министерот во изборната единица Каролин Сптингс која се наоѓа во западните предградија на Мелбурн, каде живеат значителен број на Македонци. Андреевски појаснува "Министерот е пријател на македонската заедница и е почитуван од страна на Македонците. Нам ни треба повеќе функционери да ги следат неговите стапки, и да ги негуваат односите со Македонија и македонската дијаспора". Министерот О'Конор вели: "Имам зборувано во јавноста и во австралискиот парламент барајќи Австралија конечно да го признае легитимното право на самоопределување на Македонија како суверена нација и сите права загарантирании со Повелбата на ОН, и до ден денес стојам зад моите изјави. Овие суштински прашања повторно ќе ги пренесам до Премиерот Гиллард и Министерот за Надворешни работи, Боб Кар". Ордан Андреевски појасни дека имале две цели на оваа средбата. "Прво, да му честитаме на почесниот Брендан О'Конор на унапредувањето како Министер за имиграција и државјанство во владата на Премиерот Гилард, како и да му се заблагодариме за неговата поддршка за Обединетата македоснка дијаспора и целата македонска заедница во Австралија. Второ, да разговараме за начините на кои министерот О'Конор може да ги зајакне и продлабочи односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија". Следниве прашања беа дискутирани за време на состанокот:
Исто така, Министерот О'Конор беше поканет да ја посети Македонија во најскоро време со цел да ги посети клучните институции и лидери во Македонија, како и да добие подобро разбирање за напредокот што Македонија го има направено од своето осамостојување во 1991 година. |