Историја

ГРЧКИОТ АКАДЕМИК НОТИС БОЦАРИС: Македонците уште во 1821 година, во мировен договор, се наведени како посебен народ

Книгата на академик Нотис Боцарис открива документ од 1821 година во кој македонскиот народ е наведен како посебен ентитет, рамноправен со останатите балкански народи во борбата против Отоманската Империја.

Грчкиот академик Нотис Боцарис во својата книга „Балканските визии во подготовката на грчката револуција 1789 – 1821“ цитира историски извор од 1821 година во кој Македонците се наведени како засебен народ, одделeн од Грците, Србите, Албанците и Романците.

Боцарис во книгата ги опишува напорите на тајната грчка револуционерна организација Филики Етерија (Друштво на пријатели) – основана во 1814 г. во Одеса со цел да воспостави независна грчка држава – да ги вклучи Србите, Бугарите но и Романските бојари од тнр. кнежевства во своите активности против Отоманската Империја.

Во преговорите меѓу претставници на Филики Етериа и Романскиот револуционерен водач Тудор Владимиреску, постигнат е договор за соработка во осум точки (познат и како Букурешки мировен договор од 1821 г.).

Во точката број 5 од договорот се вели: „Секоја предност, придобивка или загуба (што Бог ги чува) која би произлегла од нашиот потфат би се споделила братски меѓу нас, онака како што самите апостоли сè споделувале заеднички. Затоа никој не смее да се осмели, со двосмислени зборови или постапки, да сее интриги, како на пример, Романците да им бидат потчинети на Албанците, ниту пак Албанците на Грците, ниту Грците на Србите, ниту Србите на Македонците, но сите мораат да работат заеднички и обединети според должноста што ни е наметната со овој договор.“

Преводот на документот на германски се чува во Букурешт (A. Otetea et Documente privind istoria Rominiei – Rascoala din 1821, Vol. I, p. 193-194)

ИЗВОР: Balkan visions in the preparation of the Greek Revolution, 1789-1821,“ 1962, p. 149.

Фотоси: Нотис Боцарис, Википедија

(Подготвил: Д.Г.)

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top