Ангелина Маркус
Македонската јавност се запозна со научното издание на илустрираните летописни изданија во Ахгеон, под раководство на Мустафинов со врвен тим на научници во Русија. Тие создадоа своевидна светска енциклопедија или библија на стари ракописи со 17.000 уникатни цртежи на слики на историски личности и настани. Во тие 10 тома што ни се претставија, не само руската историја, многу народи ќе си ја прочитаат својата историја.
За нас е од особена важност, во една книга од тој “Лицевој летописниј свод”, едно посебно издание под наслов “Цар Александар Македонски”. Уште поважно е што целата книга изобилува со прилози на минијатурни слики од животот на Алексндар Македонски, извадени од средновековните Александриди. Македонската историја, нацртана и напишана, украсена со калиографи и вињетки на буквите од црковното писмо од евенгелијата и библијата од македонските школи од 10-ти век со кирилското писмо, стигнале во Русија со Православното Христијанство и останале таму. Сега Русите низ уметничко креирање на оргиналните илустрации ни го покажуваат целиот антички живот на Македонците. Големиот број слики за сите настани на царот Александар, ни ги претставуваат градовите, палатите, битките, оружјето, облеката, украсите, богато опремената фалангата и се друго во боите на Ксантика, црвената наметка и сјајот на сонцето, сликани минијатури сега блескаат во нови книги. Животот на Александар Македонски со избор на неговите подвизи, претставено е како житие на светците, така како што го виделе и го опишале во Цар Книга во 16-ти век во времето на силниот подем на руската држава на Иван Грозни. Тој ги проширил и културните хоризонти на руското царство, исто како што тоа го направил и Александар, најславниот човек на светот.
Раскажаната историја за мажественоста на Александар, од неговото раѓање, детството, битките, победите и сите доблести со достоинство, предадени се преку 317 слики во прекрасни бои. Така претставена Македонија со царот добива чудесна нагледаност и убавина.
Очигледноста во сликаните минијатури во толкав голем број се надополнува со црковното писмо на описите што Македонците го читаат. Тоа се заедничките корени на рускиот и македонскиот народ и јазик. Кога Турците ја поробија Македонија во 14-тиот век, Русија стана наследник на православието и во тој дух ја продолжи богатата македонска традиција, култура, писмо и јазик. Тие силни томови на книги, претставуваат силна поддршка за Македонија. Во нив има уште многу силни содржини и сродности, што ќе и дадат поголема јасност на историјата, особено во Македонскиот Византиски период. Преводот на современ руски јазик, книгите ги прават подостапни, да може секој да ги чита и преведува.
Летописните книги, така илустрирани, сами по себе, преку уметничко обликување шират видокруг на јасен и документиран начин. Македонската историја, јазик, обичаи, биле подзакриени, запоставени, ограбени. Време е да ги откриваме барем преку прославите на Ксантика. И така описите, содржината, црковниот јазик ни се блиски. Тие ја изразуваат духовната сила и дејствуваат на рускиот, македонскиот и другите народи. Политичките промени низ историјата се брзи, но промените на свеста се бавни, спори, скоро непроменливи. На тоа се должи народната меморија толку долго да опстојува и да се пренесува од колено на колено како жив ген. Илустрираните руски летописни книги ни го освежуваат сеќавањето, ни го прошируваат сознанието, ни ги обновуваат обичаите како прославите на природните појави, да се препознаваме колку далеку да погледнеме, како во случајов, од Антиката до денеска. Да го препознаеме македонскиот бит оставен да го негуваат и други народи. Македонија треба да го сработи истото тоа за своите идни генерации. Се спремале на секој вид возобновување и чување на мекедонската богата заоставштина, како што Русите го направија за себе, за својата историја и за цел свет, барем ние имаме подолга историја, повеќе археологија со многу повеќе материјали и пишувани докази. Македонија треба да се постави на вистинското место како што заслужува. Обновување на прославите на Ксантика е вистинскиот начин да се потсетиме на богатото минато и со благодарност кон Русите, да славиме.
Македонците и народот се свети луѓе, им припаѓаат на светот и на светлината. Нивното енергетско поле се шири во кругови и низ просторот. Македонци на разни начини се истакнуваат со хуманост, со добрина, со радост, во служба на својата професија, за подобро живеење. Нивните имиња не ги собира ни целава книга. На некој начин тие ја слават Ксантика. Познати се како Македонци. Со многу од нив соработувам и ја делам нивната слава за сеж што е најдобро за Македонија.
Живко Поповски-Цветин, роден од мајка Цветанка, се посветил на животот и на Цвеќето. И двата збора се содржани во името. Цветин се претвори во цвет, пишува во една посвета за него.
Цвеќето на мирот - како што е наречено неговото сликање, од 1986 година патува од човек до човек низ цел свет, подарено на триесетина илјади луѓе, на сите гости на “Струшките Вечери”, на 2000 поети, педесетина странци, политичари, глумци и други истакнати личности, како Горбачов, Ганди, Кофи Анан, Бутрос Гали, Бадентер, Окуџава, поетите носители на “Златен Венец” од Струга, многу градоначалници, установи, куќи, сите се закитени со цртежите на цвеќето. Многу славни луѓе ја поделиле славата со Живко во книгата за посвети. Така Јан Ху во 1988 година му напишал: “На Живко Поповски: Просторите во Македонија покриени се со свежо цвеќе, цвеќето го посади Македонскиот сликар”. И другите светски и македонски поети посветите ги оставиле како китка цвеќе од зборови, за него, за неговата добрина и хуманост.
Сликите со цвеќе си нашле место како илустрација на 30 книги и на 14 поштенски марки што патуваат по светот со цвеќето на мирот и името Република Македонија, од 1993 година, како доплатна марка на црвениот крст, за афирмација на патот за мир со цвеќе на сите нас и на светот.
Цветин живее со цвеќето и го подарува повеќе од 8 години. Цвеќе во слика добиле 500 лица, 150 училишта, 16 градинки, слики за учесници на фестивали, цвеќе за мајката, божиќно цвеќе, цвеќе за министерствата како солидарност за леб, храна за сите во светот. Со цвеќе сликарот ја буди свеста за екологија и хуманизам. Преку цвеќето покажува грижа за децата, со хуманитарни акции за гладните деца во Африка, за старите во Баварија, за децата настрадани во земјотресот во Хаити и поплавите во Албанија, за сите нив грижа и цвеќе со аукцијата на сликите на Живко Поповски-Цветин.
Поддршката од медиумите е голема. Снимени се документарни филмови од сите телевизии, радио емисии, репортажи во списанија каде што ја шири идејата за мир во светот со цвеќе.
Има приредено многубројни изложби по патот со воз од Скопје до романската граница, преку Белград, оставајќи слики со цвеќе на секоја станица. Истиот пат изминат е и до Гевгелија, грчка граница, без насилство со цвеќето на мирот.
Тој е патот што нашиот уметник со цвеќе ќе го однесе во Австралија со работилница за слики за децата и за спас на планетата земја, за екологијата. Многу поклонето цвеќе за остварени програми во март, во месецот на Ксантика, древниот празник на Македонија, што со цвеќето на мирот ги кити сите празници, низ цела година и ширум низ светот, со свежината на цветот откинат од душата за подарување.
Во тек се аукции на сликите со цвеќе за хуманитарни цели, за патување на цвеќето во соседните земји, за светскиот собир на царините во Охрид, за здравството, за децата, за сиромасите, утеха и сочуство за сите со цвеќе.
Номинацијата за Нобелова награда треба да се реализира за ваквите остварени активности. Ако не Живко Поповски, не знам друг човек во светот што заслужува да биде Нобеловец. Со книгава за Ксантика се приклучуваме кон сите поддржувачи за Нобелова награда на Живко Поповски за сета слава, работејќи за мирот со цвеќето.
Во повеќе наврати и јас сум го добила тоа насликано цвеќе. Сум го употребила во моите книги и сум учествувала на негови изложби, како што и Цветин присуствувал на моите промоции на книги. Имавме и заедничко патување со воз од Скопје до Битола и на секоја станица подарувавме слики и книги. Тој пат “Без насилство со цвеќето на мирот” на станицата во Велес, со стотина граѓани, Градоначалникот ја прими сликата со цвеќе, си посакавме остварување на мир и среќа, добивме книги од Кочо Рацин на 10 јазици преведени и раскошна монографија на Петре Прличко. Не поврза уметничкото творештво на лица од градот и впечатоците за зближување со луѓето што сакаат добро и во мир да живеат. Дојдоа до израз стари македонски вредности што се ценат.
Во Прилеп ученици од училиштето “Блаже Конески” добија слика од цвеќе што ја окружува песната “Ружа”, посветена на Цветин, во рамка од цвеќе и сега овековечена во школата во градот со името на Конески.
Срдечноста на пречекот во Битола не се мери со ништо. Цвеќето ограничено со карта на Македонија ја прими Градоначалникот на Битола. Градот како град на културата и конзулите ги поддржува сите слични манифестации.
Ксантика во Битола се прославува секоја година, сега и со книгава и со зближување на славни личности од Македонија со народот. Личи на концертите кога пееше Тоше или кога Симон Трпчевски ја покажува својата дарба на пијано по цел свет, шири музи на љубов. Тоа е целта на Ксантика, со многу цвеќе, песна, музика и добрина, поблиску до природата, до луѓето, до среќата. И би така.
Веќе зборувавме за градење на македонска куќа и дека во Волково има куќа, вила со име Ксантика. Знам една друга куќа на моја пријателка во Волково. Зад куќата на Наде има тополи, зад нив река и зеленило до хоризонтите на ридовите. Во ќошот на дворот, шума од даб, бор, кедер, украсни грмушки и во средина цвеќе. Такви удопства се за мир во душата и размислување за животот, за луѓето, за помагање на сите околу нас. Наде беше првиот и најголем спонзор за првите прослави на Ксантика во 2003 година, на Скупи. Како бизнисмен покажа големи успеси во решавање на економските и животните проблеми во фирмата. Умее да живее, да го чува здравјето и животот и како домаќинка и како мајка. Со пријателска комуникација наградува со врлина и разубавување на околината. Нејзиниот живот како да го води Ксантика со силни духовни принципи. Со такви луѓе ќе му помогнеме на Македон да ја бара љубовта на Ксантика, меѓу Македонците што го сакаат цвеќето со голема љубов за украсување. На крај ќе ја покажам куќата на Наде. За мене Наде е куќа со цвеќе, куќа Ксантика.
Годишнините, јубилеите, родендените и по ново и по старо, Македонците си ги слават. Пролетта не е еден ден, ни еден месец, за секој ден има празник. Првиот ден во март е почеток и потоа се редат празниците едно по друго наредени. За да му тргне на добро, секој гледа да е тоа избран ден. Свадбите се прават во недела, избран ден за веселба, ден за создавање нова фамилија, нов почеток, што се памети и се одбележува цел живот.
- Вие кога се земавте? - ги прашуват идните генерации, за тоа кога им се родиле децата, внуците и се споредува со свадбата, со среќата, со успехот и се друго што носи животниот пат и заслужува одбележување на почетокот, на проширување на фамилијата, со новиот човек што доаѓа дома, со свадба, со пролет, со нова промена. Секој човек чекори со своја судбина и своја среќа, во својата фамилија, со својот народ. Тоа што е за почитување, некои личности судбината брзо да ги искачила до врвот на успех и слава. Такви Македонци постоеле од секогаш, биле предодредени да предничат во сите области на професија. Дали се кралеви и цареви, градители, лекари, уметници или учители, цела плеада на извонредни личности, низ целата своја долга историја, македонскиот народ изобилува со такви луѓе и ги слави, тие се и светски почитувани луѓе. Тие се темелот на светската култура. Тоа го истражувам и пишувам во книгите. Често на трибините ме прашуваат, зошто пишувам и зборувам со толку емоции и лиричност. За такви луѓе пишувам, им велам, такви си ги сакам. Тој круг на луѓе се повеќе се зголемува и ме прави уште по лирична во доживувањата и меѓусебното влијание со пријатели. Ксантика не поврзува и не прави поцврсти Македонци.
На Жан Митрев и Кардиохирургија Филип Втори им ја честитам 10 годишнината на успешното чување на здравјето и лечење на срцето на луѓето. Свесно или интуитивно го избрале за почеток 1-ви Март, за да им тргне денот со успех, како ден кога се слави Ксантика со цвеќе, кога се прават свадби, кога се градат куќи, кога заздравуваат болните и кога се сака минатото и иднината. Тоа е тој ист ден кога Александар со фалангата славел цела недела пред да тргне од Македонија и да го освои светот.
Жан Митрев го внесе Филип Втори во сите институции и куќи. Напредувавме. Петре Темелковски ја изигра стотата претстава со Филип Втори. Веќе сам личи на Филипа, како него мисли, како него зборува, се преобразил, сон нема свој. Леле како не смрзна ова со Филип Втори, ми велат во Битола по една претстава, останавме подзинати и не можевме да станеме ни да ракоплескаме. Си отидовме дома маѓепсани од Филипа. Тоа е заслуга на Жан Митрев. Така се чувствував и јас кога ја пишував книгата во две изданија за “Филип Втори Македонецот” и два пати спонзорирана од Кардиохирургија за патрониот празник на болницата.
Толку многу ме обзеде духот на Филипа и Македонците, во сон си зборував и ги пишував силните жестоки пориви на царот на Македонците, што ми се причини оживеан, стои и му помага на Жан за операциите, на Петре на сцена и мене во пишувањето. На разни начини му го претставивме Филип на народот и наскоро тоа ќе биде сторено и со спомениците што ќе бидат подигнати низ Македонија.
Прв чекор со десна нога направи Жан кога во сонцето смести срце, ги спои црвената боја на срцето и светлината на сонцето. Не сум го прашала дали тогаш се поведе по Ксантика, по пролетните бои на мартинките или само се сети на пролетните војувања на фалангата. Во секој случај, логото на срце во сонце што го избрал Жан, зрачи енергија и здравје. Таа енергија се чувствува и во моите книги, делува на луѓето, шепотат зачудени пред логото и името на “Филип Втори” и ме прашуваат дали навистина сум го видела во живо Докторот. Има некоја духовност што не поврзува како Македонци, од дамнешни времиња и далечни простори, сите да се сакаме и да си помагаме, најважно е да се бориме за името.
Сега е време и на Академик Жан Митрев и со оваа книга “Ксантика” да му посакаме уште поголем успех во се што работи за Македонија. Многу цвеќе, љубов, здравје за славење за јубилејот, за иднината, Македонизмот, за човекот Жан наш современик и гордост. |