Култура и туризам

Културното наследство во Пиринска Македонија–вековен печат на македонската традиција

Атанас Кирјаков   Пиринска Македонија претставува еден од најбогатите историски и културни простори на Македонија. Во овој крај се сочувани бројни археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, традиционални куќи, народни носии, песни, ора и обичаи што сведочат за континуитетот на животот и културата низ вековите. Од античкиот град Хераклеја Синтика кај Рупите, преку духовните центри […]

18 јули 1967 – денот кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква

На Третиот црковно-народен собор во Охрид беше донесена историската одлука со која МПЦ се прогласи за автокефална црква и наследничка на обновената Охридска архиепископија На 18 јули 1967 година, во древниот Охрид, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква ја донесе историската одлука за прогласување на нејзината автокефалност. Одлуката била донесена во храмот „Пресвета Богородица […]

„Клеопатра од Кравари“ – психолошки омаж за еден губитнички карактер

Во мај годинава, на сцените во Rockdale, Bankstown и Wollongong, во присуство на бројна публика, беше прикажано најновото драмско дело од познатиот македонско-австралиски поет и драматург Душан Ристевски од Сиднеј, под наслов „Клеопатра од Кравари“. Неодамна, во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, оваа драма е објавена и како книга, а овде […]

РАКОПИСНИ ТЕКСТОВИ ОД „ЖИТИЕТО НА БОГОРОДИЦА” (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Варијанти со ракописни текстови за „Житието на Богородица“се срекаваат, меѓу другите, кај рускиот автор  И. Порфирев, украинските автори И. Франко и A. Јацимирски, бугарскиот  автор B. Јагич, српскиот автор Ст. Новаковиќ и други. Митрополитот српски Михаил, меѓу мнозина други […]

Хунзите – народот од Каракорум што ја чува легендата за војската на Александар Македонски

Во 2008 година, по покана на новинарката Марина Дојчиновска, Македонија ја посети делегација од Хунза, предводена од Мир Газанфар Али Кан и Рани Атика, кои отворено зборуваа за преданието дека нивниот народ потекнува од војската на Александар Македонски. Во најсеверниот дел на Пакистан, меѓу високите врвови на Каракорум, се наоѓа долината Хунза – едно од […]

Стоби – античкиот град што ја раскажува историјата на Македонија

Со соодветна туристичка промоција, современа инфраструктура и внимателна заштита на културното наследство, древниот град може да привлече посетители, истражувачи и љубители на историјата од целиот свет и да стане едно од најпрепознатливите лица на Македонија на светската културна и туристичка карта. На местото каде што Црна Река се влева во Вардар со векови се развивал […]

Европската Атлантида: Македонија – изгубениот „папок на светот“ што се обидоа да го избришат

„Македонска нација“ со особено задоволство ѝ го претставува на македонската јавност документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на светот’ во земјата што се обидоа да ја избришат“. Станува збор за прекрасен и исклучително вреден документарец, кој преку впечатливи снимки, историски сведоштва и археолошки локалитети ја раскажува приказната за Македонија – земја со длабоки цивилизациски корени, […]

Петровден и Галичката свадба – ден кога Галичник ги венчава верата, љубовта и традицијата

На празникот на светите апостоли Петар и Павле, Галичник повторно оживеа со мијачки носии, бајраци, зурли и тапани, претворајќи ја свадбата на двајца млади во празник на цела Македонија На 12 јули православните христијани го празнуваат Петровден – празникот посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, двајца од најзначајните проповедници и столбови на Христовата […]

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“ Зубовце ги повикува верниците на свечениот пречек на крстот благословен во Ерусалим На празникот Марена, на 30 јули 2026 лето Господово, во храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце ќе пристигне крст благословен во Црквата на Светиот Гроб на Исус Христос […]

Успението на Богородица претставено во средновековни ракописи – дел II (18)

Дел од монографијата за манастирот „Света Богородица“ во Сливница од д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин И во црквата Света Богородица во Охрид била позната „Лествицата” на Јоан Лествичник, во 1360 година. Во неа биле извршени и други значајни преписи. Во овој поглед не заостанува и црквата Света Богородица – Елеуса, во која настанале 4 […]

Григор Прличев – „Вториот Хомер“ од Балканот

Малкумина македонски творци во XIX век доживеале признание какво што му било укажано на Григор Прличев. Неговата победа на престижниот поетски натпревар во Атина во 1860 година не само што му донела слава во тогашниот интелектуален свет, туку и му го обезбедила почесниот епитет „Вториот Хомер“. Ова признание било исклучително ретко и престижно, бидејќи Хомер […]

Културата не е националност: зошто Александар е македонски крал, а не производ на модерна грчка држава

Хеленскиот културен свет и кралството Македонија се различни поими што не смеат намерно да се мешаат Една од најголемите забуни во толкувањето на античката историја е намерното мешање на три различни поими: култура, јазик за комуникација и државна припадност. Токму преку тоа мешање денес се создава впечаток дека Александар Македонски бил „Грк“ во модерна национална […]

Македонскиот јазик – корен на словенската писменост и сведоштво за македонскиот културен континуитет

Од древните јазични слоеви, преку делото на светите браќа Кирил и Методиј, до Охридската книжевна школа, македонскиот јазик останува еден од најсилните белези на македонската духовна, културна и историска посебност. Еден од најсилните фактори што низ вековите ги поврзувал народите на Македонскиот Полуостров, покрај христијанството, бил јазикот. Во просторот меѓу Дунав на север, Егејското Море […]

To top