Македонски легенди

1leg151

Димче Мирчев

Димче Ѓошев Мирчев (13. XI 1913 – 6. IV 1944) е македонски револуционер, организатор на НОБ во Велес, народен херој. Во 1941 г. активно се вклучил во подготовките за оруженото востание и бил организатор за формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во април 1942 г. Од септември истата година бил заменик командант на Одредот. По […]

1vezen121

Константин Везенков

Константин Везенков Константин Везенков (1848 – 1878) е револуционер и лекар од Македонија. Брат е на Стојан Везенков, истакнат македонски револуционер, борец за независна Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Московскиот универзитет. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна, како командир на коњаничка чета. Во борбите бил тешко ранет. За покажаната храброст бил унапреден во „дворски […]

1so9f131

Константин Поменов

 Константин Поменов Константин Поменов (5.05.1850 – 24.08.1913) е политичар, публициста и правник од крајот на XIX век од Македонија. Со Димитар Македонски, Д. Оклев и Георги Разлогов основале Бугарско-македонско благотворително друштво кое има за цел да ги помага сиромашните ученици од Македонија и да отвори педагошко училиште во Македонија.. Константин Поменов е роден на 5 […]

1rade

Радон Тодев

Радон Тодев (1869 – 4. X 1903) е македонски револуционер, разлошки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил избран за секретар на Разлошкиот окружен комитет, а за време на Илинденското востание бил војвода на чета. Загинал за време на Илинденското востание во битка со турскиот аскер и башибузук, подоцна наречена „Нови Термопили“, за да го заштити […]

1901а12

Злате Михајловски

 Злате Михајловски Злате (Малаковски) Михајловски (1926 – 1944) е македонски партизан, учесник во НОБ и народен херој на Југославија. По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и стапил во НОПО „Кораб“. Во текот на 1943 година во една борба бил заробен, спроведен и држан во затвор во Тирана. По капитулацијата на Италија кон крајот […]

1maj1211

Маца Овчарова

Марија Ангелова Ѓорѓиева (Маца Овчарова) (19. III 1922 – 7. I 1943) е македонски комунист, предводник на младинското револуционерно движење во Велес. Од 1942 година таа е борец на одредот „Димитар Влахов“, со кој учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Во текот на Зелениковската борба во јануари 1943 година била тешко […]

Georgi 1

Ѓорѓе Ѓерѓиков(иќ)

 Ѓорѓе Ѓерѓиков(иќ) Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (1880 – 1911) е македонски „автономист“, деец на македонската емиграција во Србија. Како српски поручник двапати со своја чета влегол во Македонија, Свесен дека македонските борци навистина војуваат за автономија на земјата и дека тоа е единствениот пат за нејзино ослободување од турското ропство, се вратил во Србија, поднел оставка на […]

1sekul121

Апостол Секулоски

Апостол Грозданов Секулоски ( VI 1876 – 27. VIII 1936) е македонски слеп гуслар. Како десетгодишно момче, во својот дом во Прилеп го прибрал Коле Лауц. Во 1896 година оформил своја тајфа и го прошетал речиси целиот Балкан. Од епските песни омилени му биле  „кралските“ песни, а од комитските најмногу ги пеел песните за Димче […]

1bo1

Темко Попов

Темко Попов(иќ) (1855 – 1929) е македонски национален деец, член на Тајниот македонски комитет и публицист, а потоа и соработник на српската пропаганда и политика. Тој смета дека „најглавна работа е Македонија да се помакедончи. Темистокли (Темко) Стефанов Попов или Попович е роден во 1855 година во Охрид. Во родното место завршил основно грчко училиште, […]

1ver121

Вера Циривири Трена

 Вера Циривири Трена Вера Циривири (1920 – 15. VII 1944) е македонска паризанка, учесник во НОБ. Била еден од организаторите на оруженото востание во Прилеп, Скопје, Битола, Тиквешко, Куманово и во Штип. Во 1944 г. била член на III областен комитет на КПМ и работела на зацврстувањето на партиските организации во Струмица, Кочани, Велес, Штип […]

1le121

Благој Страчков

 Благој Страчков Благој Страчков (29. II 1920 – 13. I 1943) е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната војна и народен херој. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ работи на неговото омасовување, а во септември 1942 г. и самиот станал борец на Одредот. Бил именуван за комесар на чета. Учествувал во сите борбени судрувања со […]

1vas121

Васко Карангелевски

Васко Карангелевски (7. VII 1921 – 3. II 1977) е македонски комунист, првоборец, генерал-полковник на ЈНА. Во Втората светска војна учествувал од 1941 година. Бил командант на баталјон, заменик на командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија. По Ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за […]

To top