Македонски легенди

Кољо Добровенски

1kol

1kol

Кољо Добровенски

Никола Котев (1844 – 8.II 1904) е македонски револуционер и мариовско-лерински војвода на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Познат е како дедо Кољо Добровенски, кој прво бил ајдутин а потоа ја започнал својата револуционерна дејност. Во редовите на МРО прво бил курир, потоа комита во четата на Марко Лерински, а по неговата смрт станал мариовско-лерински војвода.

Никола Котев или дедо Кољо Добровенски е роден во 1844 година во битолското село Добровени. Тешките животни услови кои владееле во Османската империја ќе натераат многумина од овој крај да го земат оружјето и да заминат во планина. Неможејќи да го трпи зулумот на тогашната власт и Кољо ја зел пушката и заминал во гората.

Во овој период во Мариовскиот крај дејствувале повеќе чети, кон кои се приклучувало незадоволното население. Меѓу нив биле четите на војводите Толе Паша и Кољо Добровенски, кој првично дејствувал како ајдутин. Дури подоцна се приклучил кон Македонската револуционерна организација. Прво бил курир, а потоа четник во четата на Марко Лерински.

Македонскиот револуционер, историчар и деец на МРО Христо Силјанов, по посетата на четата, за дедо Кољо ќе напише дека бил бедно облечен во кошула поцрнета од времето, со пантолони полни со закрпа и опинци облечени на голо, кој за да купи пушка си ја продал кравата.

По смртта на војводата Марко Лерински, дедо Кољо заедно Дине Кљусев и Ламбо Василев, како и со други комити се префрлиле во Костурско. Меѓутоа четата била предадена во маалото Јурукот во леринското село Крушоради. На 28 сештември 1902 година дошло до битка со турскиот аскер, во која многумина загинале. Меѓу загинатите во Крушоради бил Дине Кљусев и еден од неговите два сина Најдо. Малкумина се спасиле, меѓу кои бил и дедо Кољо.

Во 1903 година, за време на објавувањето на Илинденското востание, четата на дедо Кољо била Прилепскиот регион заедно со четата на Толе Паша. Дедо Кољо учествувал во борбите за ослободување на Невеска, а во ботолското село Паралово, четата на дедо Кољо водела борба со турскиот аскер кај манастирот „Св. Ѓорѓи“.

Во 1904 година, дедо Кољо Добровенски станал мета на грчката вооружена пропаганда. По неуспехот да го придобиат, шестчлената чета на дедо Кољо била предадена од гркомани. Во битката со Турците на 8 фебруари 1904 година во битолското село Скочивир загинал војводата дедо Кољо Добровенски и двајца комити. Меѓу спасените четници бил постариот син на војводата Ѓорѓи, кој потоа им се одмаздил на предавниците.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top