Македонски легенди

Маца Овчарова

1maj1211

1maj1211

Марија Ангелова Ѓорѓиева (Маца Овчарова) (19. III 1922 – 7. I 1943) е македонски комунист, предводник на младинското револуционерно движење во Велес. Од 1942 година таа е борец на одредот „Димитар Влахов“, со кој учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Во текот на Зелениковската борба во јануари 1943 година била тешко ранета и жива закопана.

Марија Ангелова Ѓорѓиева (Маца Овчарова) е родена на 19 март 1922 година во Велес, во работничко семејство. Како млада таа почнила да работи во Монополот, каде се вклучила во работничкото движење. Пред почетокот на Втората светска војна таа се поврзала со револуционерното и напредно младинско движење.

До 1942 година таа членувала во повеќе младински груши во Велес, а по окупацијата во 1941 година активно го помагала Народноослободителното двожење со женската младина во градот. Учествувала во собирањето на „Црвената помош“, растурањето на летоци и напредна литература, потоа во собирање на оружје, храна и друго за потребите на борците во одредот.

Во септември 1942 година Марија се приклучила на партизанскиот одред „Димитар Влахов“,  со кој учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Таа секогаш била во првите борбени редови и се истакнувала со својата храброст.

Кон крајот на 1942 година окуаторските сили започнале офанзива со цел конечно уништување на одредот. Во почетокот на месец јануари 1943 година, во борбите со бугарските сили кај Дреново и Зелениоково, одредот имал осетни загуби. При повлекувањето со својот соборец и политички комесар на одредот Трајко Бошкоски – Тарцан Илинденски, кој со последниот куршум на Божиќ се самоубил, Марија Ѓорѓиева алиас Маца Овчарова била тешко ранета

Маца Овчарова и телото на Тарцан, поранешен командант на Прилепскиот одред кој го извршил нападот на 11 октонври 1941 година во Прилеп, биле одведени во село Р’левци. Младата партизанка два дена била мачена во училишниот подрум.

Откако ништо не можеле да дознаат за одредот, разбеснетиот бугарски окупатор ја фрлил Маца во отворената јама каде било телото на Тарцан. И додека по нивна наредба таа ја местала главата на Тарцан, тие пукале во неа и во присуство на сведоци, месното население на Р’левци, додека била сеуште жива ја затрупале со земја.

Марија Ѓорѓиева или Маца Овчарова била погребана во заеднички гроб со Тарцан во близина на црквата „Св. Спас“ во село Р’левци на 7 јануар 1943 година. Дури кон крајот на 1944 година, нивни роднини ги откопале посмртните останки на двајцата борци за слобода на Македонија и ги пренеле во родните места. Телото на Маца било пренесено во Велес, а на Тарцан во Прилеп.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top