Македонски легенди

Костадин Лагадинов

956431

956431 Костадин Лагадинов

Костадин Лагадинов – Петар (11. IV 1913 – 29. X 2011) е учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија, генерал-мајор. Во 1933 година осуден на 12,5 години затвор, но наредната година емигрирал во СССР. Под псевдонимот Петар Стефанов Врзанов-Македончето, завршил високи воени школи. Во август 1941 година се вратил во Бугарија и од октомври бил партизан во Разлошко, командир во Разлошкиот п.о. „Јане Сандански“ и „Никола Парапунов“. Прв командант на Разлог по 9. X 1944 година. Повеќепати бил одликуван.

Костадин Атанасов Лагадинов е роден на 11 април 1913 година во градот Мехомија (Разлог). Завршил солунска гимназија „Св. Свети Кирил и Методиј“ во Горна Џумаја (Благоевград). Потоа студирал право на Софискиот универзитет. Одморот го поминувал во Разлог каде се поврзал со Никола Парапунов и започнал со растурање на социјалистичка литература. Во 1932 година станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз, а во 1941 година – на Бугарската комунистичка партија.

На 1 април 1932 година, откако видел дека полицијата ја опколила неговата куќа, преминал  во илегала. Наредната 1933 година тој бил осуден во отсуство на 12,5 години затвор за политичка активност според Законот за заштита на државата. Имено во Разлог им се судело на македонските револуционери Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадници на ВМРО (обединета)

Во 1934 година, Костадин емигрирал во СССР, каде под псевдонимот Петар Стефанов Врзанов – Македончето, завршил високи воени школи (тенковска и падобранска). Служел во Првиот механизиран тенковски полк на Црвената армија.

На 5 август 1937 година Костадин бил уапсен од НКВД и испитуван во затворите Лубјанка и Бутирка. Тој бил обвинет за шпионажа и учество во обид за организирање на атентат против Сталин. Потоа бил осуден на 8 години затвор и затворен во логорот во Коми. Ослободен бил во средината на јуни 1941 година со лично извинување од Лаврентиј Берија, раководител на советската тајна служба и на безбедносните служби во времето на Сталин.

За време на Втората светска војна бил вклучен во групата на подморничари. На 11 август 1941 година, со групата на Цвјатко Радојнов се истоварил од подморницата „Шт – 211“ на бугарското крајбрежје до устието на Камчија. Пеш стигнал до Разлог и станал партизан заедно со татко му Атанас, браќата Асен и Борис и сестрата Елена Лагадинова во партизанскиот одред „Никола Парапунов“, кој во Пиринска Македонија најрано го кренал гласот за ослободување и обединување на Македонија,  Во 1943 – 1944 година Костадин бил помошник командант на одредот, а по 9. X 1944 година бил прв командант на Разлог.

По 9-септемврискиот пуч во 1944 година, Костадин го завршил своето образование по право на Софискиот универзитет. Служел во Бугарската народна армија и повеќепати бил одликуван. До чин генерал-мајор стигнал во 1969 година. Во доцните 1960-ти бил началник на воено-судски оддел. Воен адвокат, претседател на Софискиот воен суд. Повеќепати бил одликуван, но е разрешен по обелоденувањето на заговорот на Иван Тодоров-Горуња против Тодор Живков.

Костадин Лагадинов, починал на 29 октомври 2011 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top