Македонски легенди

Темко Попов

1bo1

1bo1

Темко Попов(иќ) (1855 – 1929) е македонски национален деец, член на Тајниот македонски комитет и публицист, а потоа и соработник на српската пропаганда и политика. Тој смета дека „најглавна работа е Македонија да се помакедончи.

Темистокли (Темко) Стефанов Попов или Попович е роден во 1855 година во Охрид. Во родното место завршил основно грчко училиште, а потоа и гимназија во Атина. Таму работел во различни православни агенции, како и во редакции на различни весници. Потоа работел како учител во Одрин, бил домаќин на машката егзархиска гимназија во Битола.

По Српско-бугарската војна во 1885 година, Темко Попов заедно со група македонски дејци како Васил Карајовов, Наум Евров, Коста Групчев, Исаија Мажовски, Ѓорѓија Пулевски и др.,  формираат во Софија Таен македонски комитет за борба против денационализацијата на Македонија.

Прогонети од бугарските власти, но и за да обезбедат поддршка за реализација на својата национална програмам во почетокот на август 1886 година Т. Попов, Н. Евров, К. Групчев и В. Карајовов доаѓаат во Белград. Тие се обраќаат до српската Влада и постигнуваат договор за соработка и помош. Белград го прифаќа барањето за обнова на Охридската архиепископија со своја хиерархија, со свои училишта и учители на македонски јазик (но со српската азбука), како и финансиски да подржи печатење на весник и книшки на тој јазик.

Следната година Темко станал економ во Солунската егзархиска гимназија. Тој ги поттикнувал учениците на солунската гимназија да бараат воведување македонски јазик во наставата. Водач на таканаречените „македонисти“ бил Панто Кондов(ич) од Прилеп. По бунтот, Темко бил прогонет од гимназијата и ги организирал Македонистите да заминат на бесплатно школување во Србија.

На 21 јуни 1887 година Темко Попов ги оформил своите барања: до српскиот конзул во Солун во кои се бара: да се назначат 12 македонски учители по главните градови во Македонија кои ќе предаваат на македонски јазик, да се отвори македонско читалиште во Солун и да се издава еден македонски весник во Солун, а потоа и во Цариград, да се води „неопходната борба“ за „отцепување од Егзархијата и за спогодба со Патријаршијата, односно за решавање на црковно-македонското прашање.

На 9 мај 1888 година му пишал писмо на истакнатиот национален деец, крушевчанецот во Врање Деспот Баџовиќ, во кое меѓудругото вели:

„Нашето наречие, кога можело да диктира на друђите славјански наречиа, останало најсиромашко и, како питач, да спружит р’ка било на блгарското, било на српското, па и дури на руското!… Вистина, нашево наречие, како најсходно со српското, требит од него да црпит оние речи кои ђи немат у речникот си, но к’де ни је нашиот речник, к’де се нашите филолози кои да можеет да се завземеет со овој важен вопрос, т.ј. да ни составеет граматика и друђи најнужни учебници, барем за основните училишта? Немајђи наши филолози, к’де се српските, кои знает нашево наречие и да сочинеет овие елементарни и неопходими книђи со такво научно беспристрастие, штото тамо само да употребеет српски, вместо дополнителни, к’де не может да најдеет мађедонски речи, а не да се водеет од слеп патриотизам и вместо да составеет мађедонски учебници, да сочинеет чисто српски… Да не се лажеме, Деспоте, националнијот дух у Мађедонија до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит од небоно не может да го уверит Мађедонеца оти тој је б’лгарин или србин…. Затоа ние, драги мој Деспоте, бефме зафатиле уште од лани и дори от олум-лани да препорачаме да се отворет мађедонски училишча… Најглавна работа је Мађедонија да се помађедончит“.

Во 1889 година, четиринаесет години пред објавувањето „За македонцките работи“, тој го напишил текстот за брошурата за политичката ситуација во Македонија „Кој је крив“ на македонски јазик со барање црквата во Македонија „да има узаконено право сама таа да си избира кандидати за митрополити измегју својите сограгјани и еднородци, а Патријаршијата само да ји ракоположује и да је нивни врховен духовен началник без да има власт да ји променује или сосем да ји отфрлја без саканје на народот“, додека „во смесените градој и паланки… на нашите општини да им се даде право да си имаат еден свештеник или архимандрит за изврш уенје црковните обреди на мајчинијот ни јазик“.

Овој значаен ракопис останува необјавен, зашто српската пропаганда не можеше да си дозволи таков луксуз и постепено успеа и Темко Попов да го вклучи за својата кауза.

Темко Попов живее во Цариград во периодот од 1908 – 1909 година каде е српски пратеник во Отоманскиот парламент и го издава весникот Цариградски гласник. Подоцна работи во српската допломатска мисија во Атина каде останува до крајот на Балканските војни. Потоа заминува за Србија и во 1918 година бил назначен за кмет на Охрид. Во 1921 година бил назначен за инспектор на земјоселската служба во Битола каде се и пензионира.

Темко Попов умира во 1929 година во Охрид.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top