Македонски легенди

Радон Тодев

1rade

1rade

Радон Тодев (1869 – 4. X 1903) е македонски револуционер, разлошки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил избран за секретар на Разлошкиот окружен комитет, а за време на Илинденското востание бил војвода на чета. Загинал за време на Илинденското востание во битка со турскиот аскер и башибузук, подоцна наречена „Нови Термопили“, за да го заштити цивилното население кое бегало од запалените села.

Радон Георгиев Тодев е роден во 1869 година во Банско, Пиринска Македонија. Се образувал во родното село и во Солунската егзархиска машка гимназија, каде пристигнал во 1888 година. Во тоа време таму бил и Гоце Делчев. Тој ги прифатил револуционерните идеи и станал член на Македонската револуционерна организација.

По завршувањето на четвртиот клас се вратил во Банско, каде девет години работел како учител. Во 1896 – 1897 година Гоце Делчев пристигнал во Банско, каде што станал учител. Под негово водство и со помош на Радон Тодев, регионалниот комитет на Организацијата беше повторно формиран во Банско. Радон бил избран за секретар на Разлошкиот окружен комитет и активно учествувал во подготовките за Илинденското востание во 1903 година.

Македонците од Банско и Разлог зедоа активно учество во востанието. Таму била донесена одлука востанието да се подигне малку подоцна, на Крстовден – 14 септември, како и да не се учествува масовно, бидејќи населението не било добро подготвено. Во Банско биле организирани 6 чети (на Борис Голев, Радон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Спас Мехомиски, Милош Колчагов и Георги Голев), кои дејствуваа во планините, а имале за задача кога ќе имаат можност да го нападнат гарнизонот во градот Мехомија, денешен Разлог.

За време на Илинденското востание Радон бил војвода на чета. По почетните порази на востаниците во Битолско било јасно дека востанието во Разлог нема да успее. Осветата на турскиот аскер предизвикал голем бран на бегалци кој се обидувал да влезе во Бугарија. Четите биле ангажирани да го чуваат патот кој минуваше над селото Годлево на Планината Рила.

Позицијата на Врашка Чука или Св. Богородица ја чувал Радон. На 4 октомври (22 септември, стар стил) 1903 година, Радон Тодев и неговата чета од 27 души започнале борба со османлиските трупи, за да го покрие и овозможи повлекувањето на локалното христијанско население од запалените разлошки села. Иако однапред ја знаеле судбината, сепак Тодев и неговата чета решиле да ја исполнат својата задача, т.е. да го заштитат цивилното население кое бегало во Бугарија. Битката која подоцна ќе се вика „Нови термопили“, била жестока. Ден претходно во црквата „Св. Троица“ во Банско, свештеникот Стојко ги опеал живи, бидејќи момчињата знаеја дека одат до сигурна смрт.

Над позицијата на Св. Богородица, четата на Тодев влегла во битка со 600 тешко вооружени војници (редовна војска) и преку 1.000 башибозук. По петчасовната жестока битка, востаниците постепено беа опколени, без вода и без муниција. Но, никој не ја прифатил понудата на турскиот командант, албајбаши (полковник) Мустафа Селим Хаџиоглу, да се предаде, иако им гарантирал безбедно повлекување, зачувување на оружјето и знамето. Кога им завршила муницијата, Тодев и неговите луѓе се бореле човек со човек до последниот здив. Од целата чета приживеал само еден, а кај турскиот аскер загинале 119 луѓе. Практично целото цивилно население што го бранел успеало да стигне и да ја премине бугарската граница.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

To top