Македонски легенди

Vasilie

Василие Поповиќ – Цицо

Василие Поповиќ (12. II 1914 – 10. XII 1962) е македонски сликар, сценограф и карикатурист, еден од основоположниците на карикатурата и на сценографијата во РМ. Автор е на корицата на првиот буквар на македонски јазик, првиот грб на град Скопје и НР Македонија. Василие Поповиќ – Цицо бил роден во Скадар на 12 февруари 1914 […]

Pavel

Павел Делирадев

Павел Димитров Делирадев (15.II 1879 – 9. II 1957) е бугарски општественик. научник, јавна личност и публицист, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (обединета). Тој бил секретар на четата на Јане Сандански и близок пријател со Павел Шатев. Соработувал и бил редактор на неколку весници и магазини, а бил автор […]

Marija

Марија Камишова – Нонча

Марија Камишова – Нонча (20. I 1924 – 6. I 1943) е македонски првоборец, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ од 1942 година. Била член на СКОЈ од 1939 година и на МК на КП за Велес од 1942 година. Позната како Нонча, заедно со група партизани била откриена и ликвидирана во една колиба во […]

Cuskar

Борис Чушкаров

Борис Чушкаров (28. I 1916 – 19. IX 1982) е македонски првоборец, комунистички деец, политички раководител во НОАВМ и полициски генерал-мајор. Познат како Боро Чушкар, по ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944 година, ја спречил бугарската војска потоа да парадира низ градот, преставувајќи се како ослободители. Боро Чушкар е роден на 28 јануари 1916 […]

Vasil Hadzimanov

Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов (14. I 1906 – 16. XII 1969) е етномузиколог, собирач на македонско народно творештво, композитор, мелограф и педагог. Собрал над 8.000 македонски народни песни. Своите сознанија и заклучоци по научната обработка на дел од нив, им ги претставил на македонската и на меѓународната јавност на поголем број научни симпозиуми. Васил Хаџиманов е роден […]

Malinkov

Александар Малинков

Александар Малинков (19. I 1871 – 6. I 1904), познат како Сандо Штипјанчето, бил македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Се прочул со својата храброст. Во последната битка, пред да почини убил 16 турски војници и двајца офицери Александар Малинков е родена 19 јануари 1871 година во Ново Село, Штип, Во 1894 година […]

Trajko

Трајко Прокопиев

Трајко Прокопиев (6. XI 1909 – 21. I 1979) е македонски композитор и диригент. Еден од петтемината основоположници на современиот музички живот во Р. Македонија. Создал богат опус на хорски, камерни, оркестарски, музичко-сценски (опери и балети) и други композиции. Трајко Прокопиев е роден на 6 ноември 1909 година во Куманово. Се родил во семејство со […]

Mihajlov

Штерјо Михајлов – Мекедонецот

Штерјо Михајлов Цигуде(в)ски (1856 – 27. XII 1911) e македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење. Учествувал во српско – турската (1876) и руско-турската војна (1877-1878), како и во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско) востание (1878). Бил познат уште како Влаот, Спиро, Рилец или Македонецот. Штерјо Михајлов е роден во 1856 година во Дебар. По […]

Ilija

Илија Џувалековски

Илија Џувалековски (20. ⅩⅠⅠ 1915 – 18. X 2004) е македонски театарски и филмски актер, професор на ФДУ во Скопје. Тој е еден од втемелувачите на македонскиот современ театар. Во 1944 година работел во Москва како уредник и спикер во Радио Слободна Југославија, кое било првото што емитувало вести на македонски јазик. Илија Џувалековски е […]

Lazar Mojsov

Лазар Мојсов

Лазар Мојсов (19.XII 1920 – 25. VIII 2011) e македонски и југословенски политичар, допломат, учесник во НОБ. Бил доктор по право и јавен обвинител на ДФ Македонија (1949–1951), претседател на Врховниот суд на НР Македонија (1953–1955). Бил амбасадор на СФР Југославија во повеќе земји и во Обединетите нации, а од 1977 до 1978 година бил […]

Gavril 2

Гаврил Атанасов – Македонец

Гаврил Атанасов Христов (1862/3 – 1951) е македонски иконописец и фотограф од Македонија од крајот на 19 век – почетокот на 20 век. Гаврил е автор на бројни иконостаси, преносни икони и фрески во Малешевијата и Пијанец, како и во кочанскиот, штипскиот, радовишкиот и струмичкиот регион. На една од своите икони во манастирот „Свети Архангел […]

Atanas

Атанас Градоборлијата

Атанас Градоборлијата Атанас Димитров Чопков (1860 – 24. V 1903) e македонски револуционер, деец, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Чопка и Градоборлијата, загинал со целиот свој одред од 15 луѓе во близина на неговото родно село. Бил отруен од Грци. Атанас Градоборлијата е роден во 1860 година во македонското село Градобор […]

To top