Македонски легенди

456

Тодор Арсов

Тодор Арсов (12. IX 1919 – 21. V 1943) е македонски партизан, комунистички деец, организатор и борец на НОБ. Бил назначен за политички комесар на Штабот на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во судир со бугарската војска и полиција како политички комесар на Вториот плачковички (штипски) НОПО „Гоце Делчев“. Тодор Арсов е […]

sokolov

Лазар Соколов

Лазар Соколов (18. III 1914 – 3. I 1984) е македонски национален деец, економист и университетски професор. Бил еден од водачите на македонското студентско движење, секретар на Културно-просветното друштво “Вардар“ во Загреб и активист на МАНАПО (1936 – 1938). Во времето на НОАВМ бил член на КПЈ (1941), на АНОК (од есента 1943), на Агитпроп […]

Georgiev

Иван Георгиев

Иван Георгиев (17. I 1862 – 13. VIII 1936) е македонски научник, филозоф, просветен работник, академик на Бугарската академија на науките. Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз. Преведувал од француски и од германски јазик на бугарски. Иван Андреев Георгиев е роден на 7 јануари 1862 година во […]

Olcev

Спиро Олчев

Спиро Олчев (25. XII 1870 – 23 IV 1954) е македонски револуционер и книжар, деец на Македонската револуционерна организација и ресенски војвода. За време на Илинденското востание, бил војвода на Дрменската чета, со која учествувал во повеќе борби. Спиро Иванов Олчев е роден на 25 декември 1870 година во Дрмени, Ресенско, Неговиот брат Христо Олчев […]

Stojmenov

Славчо Стојменски

Славчо Стојменски (25. XI  1921 – 16. VIII 1943) е македонски национален деец и народен херој. Илегално патувал низ Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. При блокада на бугарската полиција бил тешко ранет и подлегнал на повредите во Штипската болница. Со указ на претседателот на ФНР Југославија, Јосип Броз Тито, на 11 […]

Z. Cingo

Живко Чинго

Живко Чинго (13 VIII 1935 – 11 VIII 1987) е македонски раскажувач, романописец, драмски автор, новинар. Своето високо место во македонската литература го заслужи пред се со своите раскази објавени во збирките „Пасквелија“ и „Нова Пасквелија“. Живко Чинго е роден на 13 август 1935 година во охридското село Велгошти. Основно училиште завршил во родното село, […]

S. Martinov

Спасе Мартинов

Спасе Мартинов (23. VII 1872 – Софија, 30. XII 1937) е македонски револуционер, учител, член на ЦК на ТМОРО (1901–1902). Завршил словенска филологија во Софија. Присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903). Пред Илинденското востание бил затворен. По востанието бил во Задграничното претставништво на ТМОРО во Софија. Спасе Михајлов Мартинов е роден на 23 јули […]

344

Птоломеј XV Цезарион

Птоломеј XV Цезарион ( 23. VI 47 п.н.е. – 23. VIII 30 п.н.е.) бил последниот птоломејски фараон на Египет од македонска династија, која владеела со Египет по смртта на Александар Македонски, од 323 г. пр.н.е. до 30 г. пр.н.е. Тој бил син на Клеопатра, кој владеел од 2 септември 44 п.н.е. до неговата смрт. Птоломеј […]

M. Delcev

Милан Делчев

Милан Николов Делчев (1883 –  2. VI 1903) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, помал брат на Гоце Делчев. Минувајќи со соборец низ коријата на с. Неманци, наишле на османлиска заседа. Во нерамната борба, тој се борел до последниот куршум. Дури по три дена селаните го погребале, а коријата ја нарекле Милан–Делчева Шума. […]

Zamila Kolomonosa

Жамила Колономос

Жамила Колономос – Цвета (19. VI 1922 – 18. VI 2013) е македонска револуционерка и првоборец, професорка по француска филологија, општественик, писател и публицист од еврејско потекло. Како член на СКОЈ и првоборец од април 1941 година била истакнат организатор на еврејската младина во НОД. Успела да го избегне депортирањето на Евреите од Битола и […]

Gajdov

Стефан Гајдов

Стефан Гајдов (8. VI 1905 – 18. VI 1992) е македонски композитор, диригент и музички педагог. Тој е еден од петтемината основоположници на современиот музички живот во Република Македонија и еден од најистакнатите автори на учебници за музичките и општообразовните училишта по предметот нотно пеење. Стефан Гајдов е роден на 8 јуни 1905 година во […]

Stojna

Стојна Димова – Бафчанка

Стојна Димова – Бафчанка (1845 – 10. IX 1927) е македонска револуционерка, деец на Мзкедонската револуционерна организација. Таа станала главен организатор на Организацијата во Прилепско. Во домот на Стојна комитката или уште позната како Мајка Стојна Бафчанка била сместена редакцијата и печатницата на нелегалниот весник „Шило“ и таму се криело оружје, револуционери, војводи и се лекувале […]

To top