Македонски легенди

Stojna

Стојна Димова – Бафчанка

Стојна Димова – Бафчанка (1845 – 10. IX 1927) е македонска револуционерка, деец на Мзкедонската револуционерна организација. Таа станала главен организатор на Организацијата во Прилепско. Во домот на Стојна комитката или уште позната како Мајка Стојна Бафчанка била сместена редакцијата и печатницата на нелегалниот весник „Шило“ и таму се криело оружје, револуционери, војводи и се лекувале […]

Grabul

Јордан Грабуловски

Јордан Грабуловски (12. III 1925 – 26. V 1986) e македонски скулптор, член на МАНУ. Учествувал во НОВ, а по војната завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Изработил многубројни споменици, користејќи разновидни стилски определби од реализмот и социјалистичкиот реализам (Ваташа, 1962; Белчишта, 1958; Прилеп, 1958; Кичево, 1963; Скопје, 1965) до асоцијативен геометризам (Отешево, 1973; […]

Mioski

Димитар Миовски

Димитар Миовски (1. IX 1913 – 25. V 1982) е македонски офталмолог, општественик, професор на Медицинскиот факултет. Бил учесник во НОБ и член на Првото заседание на АСНОМ. По војната вршел бројни општествени функции. Од 1949 година се занимавал со проблемот на кератопластиката и се стекнувал  со богато искуство во повеќе познати офталмолошки центри во […]

1321 copy copy

Димитар Коштанов

Димитар Коштанов (18. III 1879 – 21. V 1915) е македонски револуционер, војвода, гемиџија. Тој бил член на ТМОРО, а подоцна станал член на групата Гемиџии. Учествувал во ископување на подземниот тунел на Отоманската банка во Цариград. По Младотурската револувија во 1908 годона, тој бил еден од основачите на Народната федерална партија (1909 – 1910) […]

Nikola

Никола Вражалски

Никола Вражалски (12. Ⅴ 1914 – 1997) е македонски правник, учесник во НОВ, јавен обвинител на НРМ и пратеник. Тој е организатор на НОО во Кочани во 1944 година и бил член на АСНОМ. Исто така, тој е народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија, член на Уставотворниот одбор за поготовка на […]

Izvestaj od Stab

Атанас Атанасов – Божанин

Атанас Атанасов – Божанин  (1921 – 10. V 1975) е македонски партизан, учесник во антифашистичкото движење во Пиринска, Егејска и Вардарска Македонија.  Бил партизан во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ. Учествувал на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Во својот поздравен говор на […]

321 copy copy copy

Никола Трајков

Никола Трајков ( 26. Ⅴ 1888 – 12. Ⅵ 1963) е македонски револуционер, историчар, дипломат. Учествувал во македонското национално-ослободително движење. Го проучувал делото на македонските преродбеници – Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Браќата Робевци, К. Мишајков. Голем интерес пројавил кон делото на Крсте Мисирков. Им помагал на младите македонски научници во ориентацијата по бугарските архивски институции. […]

94 copy copy

Цветко Трајков

Цветко Трајков (? – 1. V 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите и учесник во Солунските атентати. На 1 мај 1903 година, во последната акција на Гемиџиите, Трајков се обидел да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша, но откако не успеал, се самоубил. Цветко Трајков е роден во Ресен, тогаш во Османлиската […]

Trckov

Илија Трчков

Илија Трчков (1884 – 16. IV 1903) е македонски револуционер, анархист, член на Гемиџиите, учесник во Солунските атентати во 1903 година. Група млади интелектуалци од кои поголемиот дел биле од Велес, кои се нарекле „Гемиџиите“, на крајот на април 1903 година, направиле серија динамитни акции на јавни објекти во Солун и при тоа внимавале да […]

Naumcevski 1

Волче Наумчевски

Волче Наумчевски (18. I 1916 – 20. III 1980) е македонски писател, автор на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни. Волче Наумчевски е роден на 18 јануар 1916 година во Прилеп, како седмо дете во сиромашно семејство. По завршувањето на I клас ја […]

Stojan

Стојан Георгиев

Стојан Георгиев (1870 – 13. X 1915) е македонски револуционер, раководител во Струмичкиот револуционерен округ. Со Гоце Делчев ги поставиле основите на ТМОРО во Струмица во 1895 година. Бил во судир со Струмичкиот егзархиски митрополит Герасим и бил убиен на пат за Софија во заседа од врховисти кај с. Коњарево, Струмичко. Стојан Георгиев е роден […]

Stojan

Стојан Георгиев – Томовичин

Стојан Георгиев (18. III 1838 – 5. VII 2023) е македонски национален деец во Пиринска Македонија, борец за правата на Мекедонците во Бугарија. Тој бил еден од оснивачите на ОМО „Илинден“, а по расцепот се вклучил во ОМО „Илинден“ – Пирин. Како Македонец, тој бил изложен на бројни полициски испрашувања и малтретирања, а одлежал и […]

To top