Среда, 02 Јуни 2021   
Родот на Филип и Александар Македонски не смее да дозволи повторно да ни го направат веќе виденото

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески
 

Од самиот почеток на повеќепартискиот систем и осамостојувањето на Македонија во 1991 година, во редовите на СДС имаше а и денес има политичари кои не сакаа Македонците да имаат сопствена држава. Тие го убедуваа народот дека Македонија нема да може сама да опстои како држава и дека народот ќе гладува доколку се издвои од тогашна Југославија. Исто така, тие водеа кампања дека ВМРО-ДПМНЕ е бугарска партија, а за да го “докажат“ бугарскиот карактер на партијата дури делеа пропаганден материјал на бугарски јазик.

Изминаа повеќе од три децении од осамостојувањето на Македонија. Во овој период, и покрај предвидувањата на социјалдемократските политичари, Македонија покажа дека може да функционира како самостојна држава и покрај сите проблеми со кои се соочуваше (транзиција на општествениот во приватен капитал, затварање на фабриките, економски блокади и сл.).

Македонскиот народ не се предаваше и не само што успеа да ги надмине проблемите, од кои голем дел беа вештачки наметнати, како од внатре така и од надвор, туку особено под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија стана лидер во регионот по својот економски развој и фактор на стабилност. Македонија со својата политика стана препознатлива во меѓународната заедница, а вистинските амбасадори, македонскте спортисти, со своите успеси го прославија македонското име низ светот (кошаркарите, ракометарите, фудбалерите и др.)

Овие успеси би биле многу, многу поголеми, доколку македонскиот народ во текот на целиот овој период не се соочуваше со непризнавањето на името, јазикот и црквата, од страна на истите држави кои во 1913 година ја поделија Македонија. Овие земји, како и нивните поддржувачи, ја користат секоја можност за да ја попречат македонската држава во нејзините напори да стане член на ЕУ.

Во тоа обилно им помагаат оние исти македонски политичари кои уште од осамостојувањето на земјата работеа на докажување дека Македонија не може да егзистира како самостојна држава. Денес тие се дел од мислителите на заговорот, кој преку бомбите на Зоран Заев имаа за цел да ја дестабилизира земјата, да станат дел од власта и од неа да направи протекторат.

Во време кога Албанија и Косово по секоја основа се обединуваат, ваквите активности на социјалдемократите кои водат до разединување на македонскиот народ и до пасивизирање на институциите, не само што го нарушуваат имиџот на земјата, туку го запреа економскиот развој и создаваат предуслови Македонија да го изгуби својот идентитет и суверенитет.

Во меѓувреме, во текот на овие 30 години самостојна и суверена македонска држава, израснаа нови генерации, нови патриоти кои си ја сакаат својата земја, кои сакаат да ја видат својата држава како победува како на спортско, така и на било кое друго поле. Школувани во земјата и странство тие се идните носители на развојот на земјата.

Меѓутоа, тие мораат да бидат свесни дека Македонија може да егзистира како суверена држава. само ако се обединети околу македонската идеја. Оваа генарација тоа го може, зошто тоа го има во генот. Таа е иднината на Македонија. Обединета околу македонската платформа оваа генерација може да каже стоп на поделбите на македонскиот народ, стоп на сите оние кои преку разнебитување на македонскиот народ сакаат да го избришат Македонскиот идентитет.

Родот на Филип и Александар Македонски не смее да дозволи повторно да ни го направат веќе виденото.

Затоа млади Македонци треба да барате: секоја влада да работи во интерес на Македонија, да отвора работни места, да привлекува странски инвестиции, да гради, да го сочува македонскиот идентитет, да има соработка со сите наши соседи, дека местото наше е да бидеме во ЕУ, но под еден услов: со крената глава и со зачуван идентитет.

Македонија Вечна!

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.