|
|
Александар Џеповски : Анонимци се преставуваат како идеолози и основачи на ВМРО ДПМНЕ |
Секој еден ојле дојле стана идеолог и оснивач на ВМРО ДПМНЕ. Толку мизерни и искомплексирани поединци не се наоѓаат никаде . Иако се работи да речеме за не повеќе од 5 до 10 од нив, сепак нивната малоумност предизвикува смеење воедно и жалење дека воопшто постојат и отвраат усти непотребно. Кои се тие и што имаат направено или се имаат докажано? Анонимец до анонимец кои кога Драган Богдановски ја претстави едејата за формирање партија, тие биле подржувачи или обични сеирџии Мене ми е многу срам а воедно на сите нормални Македонци од еден анонимец како Перо Мицевски , кој има викано во селска кооперација да живее Македонија на времето и сега тресе глупости низ Мелбурн кој бил и што е. За Владо Ѓоревски од Кичево пријател на Перо Мицевски можеме да кажеме дека е капак на тенџерето со глупости на човековата мисла за малоумност. Самиот си се претставува дека тој е идеологот на ВМРО ДПМНЕ и наводно Драган Богдановски учел од него и му се восхитувал. Зини усто фалиме, велат кај мене. Значи, ако сам не се фалиш и лажеш, можеби се надеваш некој еден ден ќе ти поверува. За Владо Ѓорески, самонаречениот идеолог на ВМРО-ДПМНЕ сите во Кичево знаат дека деведесетите години го предал целиот партиски архив на неговиот роднина Богоевски, тогашен висок фунцкионер на УДБА. Овие патолошки малоумници само прават раздор и нервоза меѓу Македонците во Македонија и дијаспората. Македонскиот народ не смее да дозволи група изроди, грандомани и среброљупци, да ја претворат Македонија во пепелиште при што ќе страдаат два милиони народ само заради лични интереси. Ние ги толерираме овие јагниња облечени во волчја кожа, кои лажно претставувајќи се како патриоти и вршејќи раздор и поттикнувајќи омраза и нетрпеливост, го тероризираат Македонскиот народ. ПА ДО КОГА ЌЕ СЕ РАСПРАВАМЕ СО ИСКОМПЛЕКСИРАНИ "ПАТРИОТИ" ЗА ГЛУПОСТИ? ДАЛИ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ И КАКВИ ГЛУПОСТИ ФОРСИРААТ КОИ ВЛАСТА ЕДНОСТАВНО ГИ КОРИСТИ ВО СВОЈА КОРИСТ, ИЛИ СЕ ДЕБЕЛО ПЛАТЕНИ? ГОСПОД ГЛЕДА И ЗНАЕ КОИ И КАКО ЈА СОЗДАДОА ВМРО ДПМНЕ И СЕ ДРУГО СО ВАКВИ КАКО ПЕРО МИЦЕВСКИ И ВЛАДО ЃОРЕВСКИ СЕ ТЕРА ПО БУГАРСКИОТ МЕТОД. За жал во Македонија се накотија многу предавници, да бидам искрен вакви изроди имало и во минатото. Едно мора да запомниме, дека треба да ги изолираме овие изроди и циркузанти, слуги на ѓаволот. Да ја зацврстиме љубовта кон нашава мајка Македонија, како една и единствена татковина на Македонците во целиот свет. Бог да ја чува Библијска Македонија од вакви плукачи и фалбаџии. АМИН! |