Коментари

Манастирот „Свети Никола“ – Слепче

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Свети Никола“ – Слепче е православен манастир во централниот дел на Македонија. Изграден е во XVII век и во минатото бил дел Охридската архиепископија, а денес е на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Се наоѓа на неколку километри источно од село Слепче, Прилепско.

Манастирската црква е мала, еднокорабна, типичен пример за црква од XVII век во Македонија. Фасадите се без украси, со мали отвори на источната и јужната страна, а единствениот влез е на западната страна. Внатрешните ѕидови на црквата се покриени со фрески од втората половина на XVII век, а веројатно зографите на фреските се самите ктитори, игуменот на манастирот, еромонахот Сергија  и неговиот ученик еромонахот Михаил.

Според натписот на вградената мермерна плоча, на која се споменуваат имињата на повеќе  еромонаси и ктитори, манастирот бил изграден и украсен во 1673 година од страна на еромонахот Михаил. Но, има уште еден натпис над влезот на црквата од внатрешната страна на кој пишува дека црквата е созидана и зографисана во 1674 година, а ктитори на црквата биле игуменот на манастирот еромонахот Сергија, еромонахот Никифор и монахот Кирил, потоа монахињата Јанакија и повеќе световни лица.

Во својата книга .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев кој е родум од Прилеп, за манастирот „Свети Никола“, околу кој на почетокот на XX  век водат битка српската и бугарската пропаганда, ќе го запише следното:

„Манстирот „Св. Никола“ лежи северо-западно од Прилеп, на одалеченост 3 часа, во насока на Кичево. Манастирот е расположен во подножјето на едно пошумено брдо, ¼ час над село Слепче, кое брои 70 чисто македонски куќи. Црквата е стара и поправана. Ништо не се знае за потеклото на тој манастир. Само еден спомен има за него од XVI век. Тоа е ракописно евангелие на хартија, кое се чува во Софиската Народна Библиотека. Тоа сведочи дека тука во средниот век имало живот. XIX век го затекнува манастирот запуштен. После почнал да се обновува со грижа на околните села.

И тука српската пропаганда, користејќи ја близината на својата база Поречието, атакуваше и заплашуваше. До пред тоа манастирот Св. Никола, како и св. Спас (Зрзе) беа под ведомство на Прилепската егзархиска црковна општина.

Манастирот е обграден од четири страни со високи ѕидови, над кои стојат градби. Старата зграда е со 7 одаи и чардак горе, а штали доле. Новата зграда е со 7 одаи и чардак горе, а штала и амбар доле. Последната е изградена за време на игуменувањето на поп Илија. Манастирот е сопственик на голем чифлик во селото за околу 100 кила (цариградски) семе. Има и жива стока: волови, крави, коњи и овци. Храмовиот празник е на св. Никола летни (2 мај ст.ст.)

Надпис од 1674 година, од внатрешната страна над влезната врата: „Изволением оца и поспешением сина и свршением светаго духа созида се и пописа се Божествени храм светога оца Никола архиепископа Мириликискаго чоудотворца трудом и благоволением настојател и ктитор и игумен Сергиј еромонах и ученик ему Михаил еромонах и Никифор еромонах и Кирил монах и Петроние монах и Јаникија монахиња и Џоре, Михо, Тоде, Петко, Цветко, Јосиф, Никола, и Петко. Бог да прости ктитори и настоятели светаго храма амин, Во лето (7182 – 1684) – (Старине, 40).

Белешка на последниот лист на печатен псалтир, сочуван во Загребската академија: „Да се знаат овие работи книга глаголен псалтир од село Лазаровопол како беше пред порушена и расипана и ја повеза Михаил еромонах од манастирот Слепче во предели Прилепски. Во лето (7185 – 1677) откопиа …  Влчко син Сидоров за своја душа и очева и мајчина помен. Господи и титора Влчета и Сидора и Пројка и Митра и Стојан Бог да ги прости во царство небесно амин“ (Цонев, Кирилски ракописи и старопечатени книги во Загреб, С. Б. А. Н. и а).

Ракопис од XVI век на евангелие кое се чува во Софиската Народна Библиотека е на хартија и гласи: „с. Зачело и Конац. Помени Господи грешного раба своего до еромонах Неофит и свети Никола Слепче Прилепско (И-в, ибид).

И за тој манстир се води жестока борба со српска пропаганда.“ – пишува Трајчев.

Инаку, јужно од влезот во црквата во прва зона се насликани двата ктиторски портрета кои го држат моделот на црквата и текст во кој се спомнува годината на изградбата и осликувањето на црквата како и имињата на ктиторите Сергија и Михаил. Живописот во црквата е поделен на три зони и еден фриз во наосот и повеќе фигури и други илустрации во олтарниот простор. Иконостасот претставува богато резбарско и иконописно остварување, а свој потпис на резбарските и сликарските работи на царските двери оставил игуменот на манастиорот еромонахот Сергија. Исто така престолните икони Богородица со Христос и Исус Христос, како и чинот на 12-те апостоли се изработени во време на споменатиот игумен Сергија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top