Коментари

Црн четврток за Заев и неговата дружина

Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Се случи тоа што никој не го посакуваше да се случи. 60 дена протестантите ”3а заедничка Македонија” во Окопје и во поголемиот број на градови ширум нашата земја каде истите не фрлија ниту еден пикавец од цигара, не уништија паркови и зеленило, не фарбаа и уништуваа со боја и јајца улици и витални објекти, него мирно протестираа и бараа од народните избраници кои со ставија мнозинство од 69 пратенички мандати да излезат пред јавноста или во буквална смисла на зборот од сообраниската говорница да ја обелоденат албанската платформа која истата е направена во туѓа земја.

Зоран Заев, алијас Бошко Буха со тек на време ретерираше пред особено македонската јавност дека албанска платформа не постои и дека за виталните прашања кои се од суштинско и судбоносно значење за Република Македонија ќе се праша народот на Референдум.

По само неполни 5 минути од изјавите на Зоран Заев ќе се јавеше Дуи со партиско соопштение дека предавникот на македонските национални интереси (читај лицето З.З.) ја прифатил во целост албанската платформа. Последната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети беше дека со конфузноста и несфатливоста за него претставена од страна на Зоран Заев размислува да ги повлече потписите за мнозинство во парламентот и следствено на тоа формирање на нова Извршна власт во Република Македонија.

Ахмети во буквална слисла на зборот одигра маестрално политичко-тактички се откажа највозрасниот пратеник во сообранието кој е од редовите на неговата партија (Манојлоски) да не да вода пара конститутивната седница за да не се долева масло на проблемот, него тоа да биде пратеник од редовите на плавите момчиња.

Зоки и тоа го прифати од својот коалиционен партнер од албанскиот политички кампус само по секоја цена да стане Премиер на Република Македонија.

Се случи црн четврток во плурална Македонија иницирана од Зоран Заев и неговите поданици и каде за влакно беше избегнато линчување на народните избраници кои со нелегитимни средства сакаат да ја превземат власта.

Да одиме хронолошки на настаните од црниот четврток.

На тој ден во главниот град на помала оддалеченост се подготвуваше голем спортски настан, а тоа беше четвртфиналниот реванш ракометен натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и германски Фленсбург.

Зошто ова го нагласувам? Од проста причина, што одреден број на припадници на Јавниот ред и мир беа ангажирани за овј настан.

59 дека Законодавниот дом го обезбедуваа припадниците на МВР во една мирна атмосфера од причини што протестантите ”За заедничка Македонија”, парадираа по улиците на главниот град и пред Законодавниот дом во една мирна и релаксирана атмосфера ги потсетуваа народните избраници дека не смее по ни која цена да се прифати Претседател на Законодавниот дом каде истиот е застапник и воедно поддржувач на албанската платформа.

Претседавачот на седницата Трајко Вељаноски секоуден вкупно 20 истата ја завршуваше со работа точно во 18 часот. Претседавачот Трајко Вељаноски го пичитуваше Деловникот за работа и не дозволуваше како што сакаа 69 пратеници од новото парламентарно мнозинство да преминат на точката за избор на Претседател на Законодавниот дом.

Не е логично без избор на Комисијата за избори и именувања да се помине на точка за избор на Претседател на парламентот.

Хипотетички во Комисијата можеби ќе беа пријавени поголем брод на Кандитати за Претседател на Законодавниот дом. Седницата за избор на Претседател на парламентот во буквална смисла на зборот беше на “Сила почната”

Во оваа прилика се прашувам дали имаше кворум за работа на истата, и со колку гласови за, против и воздржани беше избран Талат Цафери за Претседател на парламентот.

Исто така, се прашувам пред кого Талат Џафери даде заклетва и воедно свечено го потпиша документот со кој се потврдува дека е избран за Претседател на Законодавниот дом.

Тој документ веднаш треба да се достави до институцијата “Службен весник“ за да се објави истиот во давноста.

Во едни такви околности народот се почувствува дека е предаден од момчето од Муртино,

Како е можно во Законодавниот дом телесното и физичкото обезбедување на Оливер Опасовски -довчерашен технички министер во МВР и обезбедувавето на Зоран Заев да носат оружде и истите да испукаат 2 предупредувачки куршуми во затворен простор во Законодавниот дом.

Зоки и неговата дружина се спасија од линч кои самите го предизвикаа со нелегитимно избраниот Претседател на парламентот.

Тоа нека му биде поука за во иднина дека не се игра со народот. Народот дава ама истиот и зема власт.

Зоки пази што правиш во иднина

Со спортски жаргон кажано дали ќе играш повлечено во одбрана и да чекаш прилика за брз контра напад или, и понатаму ќе играш во напад со т.н. “Ла жна деветка”. Зоки тактиката е во твои раце ,ама пази публиката сака чесна игра ако не истата ќе влезе во терен и ќе направи големи нереди.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top