|
|
Македонскиот народ мора да се обедини додека не е доцна |
Манојил Мане Јаковлески Пред македонскиот народ стои дилемата дали ќе се обедини или ќе биде истребен. Ако тоа не му беше јасно некому пред парламентарните избори во 2016 година, денес, сигурно нема човек на кого не му е јасно. СДС успеа да ги разниша редовите на ВМРО ДПМНЕ, која застана во одбрана на името, иднтитетот на македонскиот народ и македонските уставобранители кои лежат во македонските зандани. . Единствена партија која претставува пречка во (до)распродажбата на македонските национални интереси е ВМРО-ДПМНЕ. Свесни за тоа, СДС се обидува на секаков начин да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ. Политичките трансексуалци од дружината на Зоран Заев кои ја посакуваат главата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се најсигурен доказ дека предавниците се плашат од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ . Меѓутоа, ВМРО ДПМНЕ е голема и изградена партија, која знаела кога и е најтешко повторно да се вивне во висина. Иако ВМРО-ДПМНЕ навидум ранета, таа брзо се опорави и се врати на политичката сцена многу помоќна од било кога, бидејќи народот ги увиде лагите на врхушката на СДСМ и погубната политика која ја водат. Македонскиот народ мора да се обедини додека не е доцна. Доколку продолжиме да бидеме разделени и се уништуваме меѓу себе, местото каде што ќе се одигра најновата трагедија на Балканскиот Полуостров ќе биде Македонија. Македонија вечна! АМИН! |