Среда, 13 Јули 2022   
На Македонија и` се потребни Македонци, кои ја сакаат државата

 

1mane 7 Манојил Мане Јаковлески

 

Страшно проклетство кое го влечеме низ вековите.

Денес кога се отвараат клучните прашања за Македонија, кога е најпотребно сите да бидиме сплотени, повторно спротивставените мислења за решавање на битните национални прашања го делат македонскиот народ.

18385

Дали ПАТРИОТИЗМОТ кој што ни е потребен денес, значи само човеково топло чувство за земјата во која сме родени?

Има само две најголеми чувства кои се две најголеми духовни богатства, со кои и најсиромавиот човек не е сосема сиромав, тоа се патриотизмот и верата. Без овие чувства човекот е пропаднат. Кој ја сака својата татковина тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен.

Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците“, но модерните “јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна вера“.

Има 1000 причини да протестираме на улица, но ниту една да останеме дома и да бидеме неми набљудувачи додека марионетската Влада на СДСМ и ДУИ ја уништува државата Македонија, а Македонците по род и државјанство се иселуваат од својата татковина во светот поради дивеењето на башибозукот, нарко-картелите и мафијата во власта!

Заради тоа Македонија е на нозе, а ултиматум е неприфатлив.
 
Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“, веќе девети ден присутните на протестите излегоа да кажат „не“ за бугаризација на Македонија.
 
На Македонија и` се потребни Македонци, кои ја сакаат државата и ја спроведуваат идеологијата: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
 
Македонија над се.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.