|
|
Кренете глава Македонци |
Македонска нација
Дојде часот кога секој Македонец треба да застане во првите редови во одбрана на името, идентитетот, јазикот, во одбрана на демократијата, за да ја зачуваме слободата и не станеме граѓани од втор ред во својата земја. Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја преминува секоја граница. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! Ве уверувам браќа и сестри, ова е веќе финалето за разнебитување на нашата Македонија. Не смееме да дозволиме да направат уште еден геноцид врз Македонците. Во немање на достојни челници во власта кои знаат да ги бранат интересите на Македонците, македонскиот народ мора да ги преземе работите во свои раце и на мирен начин да го спречи разнебитувањето на Македонија.
|