|
|
Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! |
Манојил (Мане) Јаковлески Драги мои Македонци! Социјалдемократите се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт, а сега со поддршка на продадени души, сакаат да го уништат македонскиот народ и неговата држава. Зарем Македонија го заслужува тоа? Лути сте знам, и јас сум многу лут што се случува во државава. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата. Лут сум и на сите оние кои не работеа доволно и индиректно ги донесоа циркузантите на власт. Морам да ги ословувам со циркузанти, ми се виде како најпогоден збор. А како поинаку да ги нарекувате шутовите кои служат за потсмев во цела држава и во дијаспората? Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат? Муви без глава или циркузанти. Драги мои Македонци, нашето име Македонија не е случајно. Само одбраните имаат чест да се нарекуваат така. Не се споредувајте со полтронашите, приврзоците, не се симнувајте на нивно ниво. Вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано. Драги мои Македонци, не дозволувајте нашиот идеал да се сруши. Издигнете се над здодевното секојдневие, над минливите земски придобивки и зачувајте ја светоста на нашите свети букви ВМРО. Историјата нема да не памети по тоа дали сме носеле брендирана облека и скап телефон, ќе не памети само по тоа што не сме попуштиле пред многу посилниот непријател односно непријатели. Сите нас еден ден ќе не нема ама таа, Македонија, ќе преживее, таа секогаш преживувала. Казните и лутешките да ги оставиме за подоцна. Работите ќе си дојдат на место, ама нас може да не згази времето... Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за неа, за Македонија!!! Заради сето ова,секој Македонец кој ја спроведува идеологијата на четирите букви ВМРО, треба да биде буден и да внимава на замката која ни ја мести СДС со помош на неколку продадени души. Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите, Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘! |