Коментари

Гостивар денес: град на духови

kolumna-gostivar

kolumna-gostivar

Гостивар денес: град на духови

Последниов период сѐ повеќе време поминувам помеѓу моите гостиварци. Ова е град познат по соживотот на повеќе етноси, религии, нации. Соживотот никогаш не бил доведен во прашање, тој траел, трае и ќе трае. Проблемот на сите гостиварци е првенствено иселувањето, масовна чума која го празни градот

Заборавајќи на сите добра што ни ги нуди нашата цивилизација, со нагла потрошувачка на духовните, за сметка на материјалните, преплавени од информации како резултат на современието, современите процеси, заглавивме во културен мрак, дехуманизација. Оттргнувањето од традицијата, политизирајќи ги сите апарати што се во функција на институциите, полека но сигурно нè води кон смрт, умираме во беда, културна беда, економска.

Дали нашата локал-патриот гордост не ни дозволува да си дадеме простор да се самокритикуваме? Или можеби тоа е резултат на политиката која е навлезена длабоко во сите обрасци на дејствување? Силно ги нагласивме тенденциите кон профит, присвојување, моќ и доминација, а заборавивме на примарниот интерес, ориентиран кон заемна соработка и силен напредок, независно од која било политичка организација, институција и сл.

Последниов период сѐ повеќе време поминувам помеѓу моите гостиварци. Ова е град познат по соживотот на повеќе етноси, религии, нации. Соживотот никогаш не бил доведен во прашање, тој траел, трае и ќе трае. Проблемот на сите гостиварци е првенствено иселувањето, масовна чума која го празни градот. Тоа, од друга страна, е предизвикано од невработеноста, која ги демне сите делови на републикава, па и Гостивар.

Ако се навратам 30-40 години наназад, градот ги уживал сите добра што ги поседувал, материјални, духовни. Ако општината во 1948 година имала околу 7.900 жители, во 1981 имала околу 30.000 жители. Наглиот економски развој придонел градското јадро да се зголеми за речиси 22.000 жители, тренд на раст, кој спротивно од денес, уживал во магијата на многустраноста, креативноста, интуицијата, успеси, култура. Магијата на убавите времиња сега е минато, сегашноста нѐ води кон рационалност, бариери, бирократија, непотизам, омраза. Дали нашите обиди да се приспособиме на информациите што непрекинато доаѓаат до нас нè водат кон самоуништување?

Сложениот и динамичен систем кој е реалност во развиените земји нè насочува на туѓи вредности, начин на живот, кој полека, но сигурно нѐ води во лавиринт во кој се губиме, во и онака безмилосниот современ свет, кој ни наложува нови, непознати вредности. Гостивар во 1981 година имал околу 30.000 жители, денес едвај има 18.000. Истата таа 1981 година економијата ја базирал на гиганти како што се: Силика, Жито Шар, Готекс, Декон, Мермери, Стаклара, Горни Полог, многубројни угостителски и услужни – трговски фирми и сл. Денес? Денес во градот единствено на големата невработеност ѝ се спротивставуваат фирми кои можеме да ги наброиме на двете раце.

Периодот од 70-тите до 90-тите години бил културен рај за гостиварци. Културни збиднувања имало за сите: млади, стари, традиционални и современи групи на жители. Кога ќе се присетам дека во 1993 година гостувала култната група ,,Екатерина Велика“, функционирал ракометниот клуб ,,Агро Производ“, кој се натпреварувал во Втората југословенска лига, фудбалски и кошаркарски клуб кој ги полнел салите, гостиварци дури биле принудени на ,,слатки“ маки.

Музиката и спортот се сеприсутни, ги имаме на улица, на слушалките од нашите мобилни телефони, насекаде каде што има бучава, тие се дел од нашето секојдневие, дел од нашиот мозок и перцепција, често резултат на позитивни, некогаш и негативни искуства. Тоа се предности кои ги носи современието, постмодерната доба, но дали ние сме спремни да ја следиме?

Денес во градот едвај да живее културата – спортот, музиката. Сведена на маргините на општеството, бедата навлегува во сите клетки, институции. Во и онака малкуте музички настани, турбофолкот е втемелен во сите аспекти на секојдневието. Горд сум на КК ГОСТИВАР, како и секој друг гостиварец, клубот е еден од ретките борци што ја заживуваат културата денес. Тоа, пак, од друга страна ни укажува колку воопшто нема никакви збиднувања, па гостиварци едвај чекаат да дојде викенд и да почувствуваат нешто поинакво, ново, кое со години го немаше. Меѓу другото, со културната беда се бори и младинскиот клуб, театарот ,,Дунек“, на кој мора да му се оддаде почест, тука се и спелеолошкиот клуб ,,Кораби“, КУД ,,Браќа Гиновски“, легендарната рок-група ,,Ареа“, експерименталната рок-група ,,Протагонист“, која едвај и да настапува ДОМА. Дали тоа е доволно? Пресудете сами!

Соочено со молох од информации и глобални проблеми, човештвото станува безначајно, немоќно и дезориентирано. Архаичните структури на човечките суштества доаѓаат на површината и во одредени околности можат да се манифестираат со неочекувана бруталност. Дали ситуацијата, која толку ги деформира учењето и искуството на човекот, неговата ориентација и вредности, сѐ уште е култура? Зар не е повеќе „псевдокултура“, која станува мотор на инволуција наместо на оригиналниот механизам кој ја обезбедува еволуцијата на човекот?

Автор: Даниел Ѓорѓевски, археолог

https://www.fakulteti.mk/news/14042019/kolumna-gostivar-denes—grad-na-duhovi?

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top