Среда, 06 Ноември 2024   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (12)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (12)

ПРОПАГАНДНИОТ МАТЕРИЈАЛ ЗА ВМРО-ДПМНЕ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

По воведувањето на политичкиот плурализам во 1989 година во тогашната Социјалистичка Република Македонија, било дозволено формирање на политички партии. Веќе во 1990 година биле одржани првите слободни и повеќепартиски избори. На првите парламентарните избори што се одржани на 11 и 25 ноември 1990 година во Република Македонија, во првиот круг најмногу гласови освои дотогаш единствената и владејачка партија СКМ-ПДП, додека во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, која севкупно освои и најмногу мандати - 38. Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година, а  поради распоредот на силите во Собранието настанаа тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави влада, која на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

Потсетувајќи се на овие денови, како беше создаден и како беше донесен пропагандниот материјал за првите парламентарни избори, авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж - Маноил Мане Јаковлевски“, Киро Кипровски ќе забележи:

„Во 1990 година, политичките и другите настани беа мошне динамични, непредвидливи, се менуваа како на филмска лента. Политичките партии беа мошне активни, пред одржувањето на првите  повеќепартиски парламентарни избори во Македонија. Првиот круг беше одржан на 11 ноември, а вториот круг две недели подоцна. Условите, амбиентот, времето и динамиката на настаните, бараа сериозни и професионални подготовки на партиите.

Деветте месеци од 1990 година во Македонија, ги карактеризираше формирање на политички партии. Со Закон беше ставен крај на едноумието. Манојил Мане Јаковлески, кој живееше и работеше во Берлин, како член на ВМРО- ДПМНЕ, вложуваше голем труд и средства, да ги запознае Македонците во дијаспората со програмските задачи и цели и да ги мотивира, во што поголем број да дојдат во Македонија и да гласаат за патриотската партија. Напоредно со основањето на секции на ВМРО-ДПМНЕ во Германија, се собираа пари, за што поагресивна пропаганда.

1uv4

предизборниот плакат на ВМРО-ДПМНЕ (1990 година) отпечатен во Берлин

Кон крајот на септември, заедно со архитектот Стевче Матевски, престојувавме на гости кај Манојил во Берлин. И двајцата, во слободно време бевме ангажирани во подготвување на пропаганден материјал за ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја дадов идејата за изработка плакати и го смислив слоганот. Мојата идеја, на хартија ја пренесе Стевче Матевски. Телефонски се договорив со академскиот сликар Кочо Фидановски од Скопје, плакатот ликовно да го обликува. По телефакс му го испратив идејното решение, а по ден-два, исто така по факс го добивме конечното решение.

Во близина на ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, се наоѓаше печатницата, во која Манојил ги печатеше материјалите за неговиот бизнис. Со сопственикот на печатницата се договоривме, да го отпечати пропагандниот материјал. Ни вети дека за четири-пет дена ќе биде готов, но ние инсистиравме да работи до доцна во ноќта, бидејќи бевме ограничени со времето за враќање. Покрај плакатот, на неколку стотина запалки и пенкала, требеше да го отпечати логото на партијата. Печатарот го испочитува договорот.

Пропагандниот материјал го сместив во багажникот, и на задните седишта на „БМВ-ето“ кое од тежината налегна. Манојил ми даде и поголем износ на германски марки за партијата. Тргнавме во време, кога низ улиците на Берлин беше попладневниот шпиц, и за повеќе од еден час го напуштивме градот. Подесетина часови непрекинато возење, следниот ден, околу 3 часот наутро, стигнавме на граничниот премин Љубел, на австриско-југословенската граница. За среќа, пред нас немаше ниту едно возило. По десетина минути, дојде цариник, да изврши контрола. Мислев дека ќе биде рутинска и брзо ќе го продолжиме патувањето, но прогнозите не ми се остварија. Цариникот, со остар глас ми нареди да го отворам багажникот и откако ги виде неколкуте пакети, ме праша што има во нив. Му одговорив, дека се наоѓа пропаганден материјал за партијата ВМРО-ДПМНЕ, за престојните парламентарни избори во Македонија. Кога ја отвори задната десна врата, се стркалаа неколку кутии со пенкала и запалки. „А, ова што е?“, праша тој.„Исто, пропаганден материјал“, му велам. Цариникот, кој беше Србин, остро ми рече: „Ако сакаш да го продолжиш патувањето, ќе треба да платиш царина 10.000 германски марки“. Му објаснив, дека со материјалот не правиме трговија, туку дека е донација за изборите. „Не дискутирам повеќе, плати царина и вози“, беше категоричен. Бев изморен од возењето, а веќе наближуваше 4 часот. Го замолив возилото да го оставам на граница, па утредента да ги обавам царинските формалности. Го прифати предлогот. Со Стевче отидовме во еден хотел, што беше во близина на границата и таму преспавме.

Преморени од патот се разбудивме околу 11 часот. Одморени и релаксирани, бевме убедени дека со нов ден, со нова среќа и без проблеми, лесно ќе ја минеме царинската контрола. Од паркингот, со возилото застанав во колоната од три-четири возила. Без многу чекање, дојдовме на ред. Цариникот, кој беше Словенец, побара да го отворам багажникот и ме праша што имам во пакетите. И нему истото му го кажав, дека во нив има плакати за ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните парламентарни избори во Македонија. Ме праша, дали сме членови на ВМРО, потврдно му одговоривме, а тој ни рече дека пред два дена во Љубљана престојувал Владимир Голубовски, потпретседател на партијата и му оставал голем впечаток. Ни посака среќен пат и успех на изборите. Му се заблагодарив за коректниот однос. Потегот да преспиеме беше мудар, но згрешивме што на цариникот не му оставивме по неколку пенкала и запалки.

Беше убав, сончев, октомвриски ден. Патувајќи низ словенечките планини, уживавме во пејзажите, кои не одмараа со спектарот на природните и неповторливи, колоритни бои. Возев внимателно, ги почитував сообраќајните знаци, ја контролирав брзината и никогаш не ја пречекорив дозволената. Кога се приближивме кај Славонски Брод, Стевче ми рече дека сака да влеземе во градот, за да се види со неговиот партнер Ајатија Баница. Предложи таму да ручаме, а потоа да продолжиме. Ги посетивме местата каде што работеа, и во еден ресторан ручавме.

Почна да се стемнува на Стевче му предложив да тргнеме, но тој ми рече дека ќе остане во Славонски Брод, бидејќи има проблеми во фирмата што ја имаше таму. Станав, се поздравив и сам тргнав за Македонија.

На секои педесеттина километри на автопатот, се наоѓаше милиционерска патрола со вклучен радар. Постојано возев поспоро, за десеттина километри од ограничувањето. Така ги минав осум стотината километри, без да бидам сопрен од сообраќајците.

Околу полноќ пристигнав во Скопје, во населбата Карпош, каде живееја зетот и сестрата на Манојил, Ќире и Рајна. По телефон му се јавив на Борис Змејковски, тогаш генерален секретар на ВМРО- ДПМНЕ. За половина час, пристигна со автомобилот и го зеде пропагандниот материјал. Тогаш му ги предадов германските марки што ги испрати Манојил. Ми се заблагодари и ме пофали за храброста, да ризикувам да  го донесам пропагандниот материјал. Потоа, телефонски му се јавив на Манојил, кој се интересираше како сум минал на долгиот пат, дали сум имал проблеми и слично.

Во таа 1990 година, беше мошне ризично, особено во ноќните часови да се вози по југословенските патишта, се случуваа голем број на разбојништва врз возачите и возилата.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.