Среда, 06 Ноември 2019   
За вас ли е држава?

Goce MarkovГоце Марков - колумнист, Човек и Македонец

За вас ли е држава?

Како млади мајмуни ве исвиркааа во потребата за гравитација, посилна од Човечко а помала од зрното маково Свест.

Ве населија по веб страните како мегафони на глупоста и како Кинези  на печалба во Африка. Вие сте сноп од рефлексии на  небесни подржувачи ,, од се срце па се до небеса" па се до смешни осмодделенки Комитки а всушност чир на општеството заедно со  костумираните Војводи, и со непријателот кој до вчера зјаеше на состаноци  по Горските а сега Законот им е пиштол?!

Која гравитација Вас ве влече?

Која мајка се крсти кога ве гледа на Тв?

Вие сте како нелегални градби, дивоградби, вие сте тесто без квасец профитери бивши функционерчиеа кои плачат за внимание и понекој тендер!

Исвирена шупелка сте вие! Се крстите на нов хаос за да ќарите во  Матната со некоја нова идеја за кантонизација и федарализација на ова што остана од држава.Џабе ви власт,, другари комити" и војводи капиталисти ако изгубиме Јазик и Образ! Демократија?!Или има уште некоја секвенца? Ставањето на прстот на челото на Умот во рамки на државни институции ќе донесе контрапункт на реалната состојба на терен, една нова сила и енергија која ќе лута низ лавиринтите на сивите вијуги и на системот измешан со наши и ваши. Вашата свест, тоа е запечатена судбина, тоа е моментум, тоа е оган во ѕвездите, пиштол во рацете на граѓанин во афект. 

Среќа што сме питом Народ!

Македонскиот, отсекогаш бил сличен на окованиот Прометеј, на туркачот Сизиф, на силниот Атлас, понекогаш и на брзоплетиот Епиметеј!! Вечно казнуван за Мисла, за Идеја, за имање Срце! Да ви се помочам во желбата за азна и власт, кога од Оган и Мисла направивте само разводенети лаги.

Кауза, цел, за вас е непозната, заедно со сончоглетките, сунѓер од впивачки соништа и мисли, ама однадвор сте лажни, временски штури, молци на ароганција, себевљубени идиоти, азнобарачи и интригантни осмоделенци на триесет и кусур, а тука се и непријателите на идеолошкатаа свест! Изградивте тврдина со лажни темели, општество без вокали и нација на вулгарен вокабулар!

Ние, сме непокорлив народ, троскот и инает во опстанокот на прогресивната и револуционерна мисла. Без основа за живот без пари за леб до прикажан приход до антикотупциска?! Амбивалентната природа на Македонецот е чудовиштето во Нас, во Вас и ќе ги демне сите нови генерации на слабокрвни крводарители!Дозволивме малоумници да бидат основачи на новиот поредок?!

На новата Македонска нација!

Не постои блага дума да ја опишам вашата проституција.Една мала психопатка е повредна од вашите џипови и полни џебови. Ја продадовте  грутката за тендери.

…десница, де левица,ама не до толку!

Немате идеали, немате смисла да се кажувате жители овде.Едно  големдисување ваше остана и лажните величини на великодостојници стари ама  недостојни за почит од специјалното одделение.

Мојот ум е мојата ќелија! А вашата крв е со намалени еритроцити и со чудна претстава за  индивидуалната ќелија која ќе ја барате во иднина. Јас ќе си пресудам и ќе бидам затворен во мојата иднина а вам Бог ќе ви суди оти ја продадовте Онаа која ние ја  поплочувавме со пот и крв, со надеж, љубов, емпатија и самобит.Ги следам смешните потези на локалната богомолка од партија и се чудам! Дали таа е таа онаа која психопатично ви го контролира здивот бре главатари?

Одминува Индијанското лето и ќе треба и таа да си купи дрва! Само јас ли да го загадувам воздихот кога Депонијата на ридот ни отвора нови хоризонти и поглед кон болничкиот плафон на онкологија. А надвор уште е така, топло, па ладно, пече црното сонце на последната есен на,, плава крв" се чека миризот на загорено на тристе степени жива вистина.

Ќе има и во следната епизода на напади нова разработена шема на страв и агентура и по некое ново предавство од комитин. Вие сте интелектуално осакатени единки, да, вие сте озрачени од нуклеарката која радијално ја озрачи радиоактивната логика на вашето расудување. А ние остануваме тука на ова парче поделена европска територија.

Само да ве прашам:

-Дали ние, Народот, ви личиме на играчка?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.