|
|
Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја |
Свекрва Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја Мијаците за Софија се Бугари, а за Белград Срби! Српска радиотелевизија (РТС) емитираше епизода во емисијата „Квадратура на кругот“, во која се тврди дека „Мијаците во Македонија се старо српско племе“. Односно авторот Бранко Станковиќ тврди дека Мијаците се Срби кои денес живеат во Македонија, иако мнозинството Мијаци денес се изјаснуваат како Македонци. Ако се има во предвид тврдењето на Софија дека Мијаците се Бугари, а сега и тврдењето на Баелград дека Мијаците се Срби, тогаш очигледно е дека Заев со својата политика и договори со Грција и Бугарија за ревидирање на историјата ја отвори Пандорината кутија на Балканот. Во оваа епизода на РТС се вели дека Мијаците како старо „српско“ племе ги задржале обичаите на Немањиќи, како и тоа дека го изградиле Хиландар. Авторот се правда дека се држел до словото на науката, на истражувачите како Јован Цвииќ(1865 - 1927) и Томо Смиљаниќ Брадина (1888 - 1969) кои истражувале пред еден век, односно на крајот на 19 и почетокот на 20 век, кога се појавува српска пропаганда, како пандан на бугарската и грчката. Српската, грчката и бугарската пропаганда во минатиот век, како и албанската во поново време доведе до огромни страдања на македонскиот народ - Балканските војни и поделба на Македонија. Пропагандата против македонскиот народ никогаш не престанала. Сепак, сегашната реакција која доаѓа од Белград е резултат на Договорот за пријателство со Бугарија, Преспанскиот договор со Грција и прифаќањето на Тиранската платформа, со што се смени името, идентитетот и личниот опис на државата. Сегашната македонска власт на нелегален начин го смени името, идентитетот и се откажа од дел од историјата на македонскиот народ. За сметка на Грците се откажа од античката историја, а за сметка на Бугарите од Самоил, од востанијата, а сега размислува и Гоце Делчев да го престави како Буагирин. Ако Македонија се откажува од својата историја се до 1944 година, потоа дека сте домицилно население, а пак за домицилно население ги сметате Албанците, тогаш нормално е денес да се појават и Србите со својата пропаганда иако нивното тврдење пропагандистичко, провокативно, националистички и историски неиздржано.. Имано, во емисијата се посочува како доказ дека некои од Мијаците го пронашле својот идентите така што пронашле крштеници на своите родители во кои презимето им било на иќ. Но тој не кажува дека една иста личност во зависност од возраста можел да има разни крштеници во кои презимето му завршувало и на иќ, ов или на ски. Во ситуација кога македонскиот народ немал своја држава, а Охридската архиепископија била укината во 1767 година, се зависело од тоа кој во моментот бил на власт (Срби, Бугари, Грци) или во која црква народот одел (егзархиска или патријархиска). Сите соседи кои ја окупирале територијата на Македонија, вршеле асимилација на Македонците, креирајќи своја историја. Всушност македонската историја ја присвојувале и ја преставувале за своја. Во зависност од своите интереси во одредени чуствителни ситуации тие пласираат вакви тврдења со кои се негира македонскиот народ, за да го покажат до каде се простира нивниот интерес. Тоа значи дека соседите никогаш не се откажале од територијалните аспирации кон Македонија, односно и кон единственто слободно парче македонска земја, чии одбранбени механзми ги урнисува оваа власт. Инаку Мијаците се дел од македонскиот народ кој ѓивее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно наследство. Самите Мијаци се сметале за потомци на најстарите жители на Балканот, односно дека се легитимни преставници на Античките Македонци. Горгија Пулевски, еден од најпознатите Мијаци, роден во Галичник, по неуспехот на Кресненското востание и заминувањето во Софија во 1879 година ја публикува првата макодонска патритско-политичка поема „Самовила Македонска“, во која ги спомнува Филип Македонски и Александар Македонски како претци на денешните Македонци, кои 300 години пред Христа ја повладале целата планета. |