|
|
МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ-ИДНИНАТА НА СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА |
Др. Вилијам Велковски специјалист по ортопедска хирургија ,,МАТИЧНИТЕ КЛЕТКИ-ИДНИНАТА НА СОВРЕМЕНАТА МЕДИЦИНА,, Регенеративната медицина претставува нова гранка на медицината на 21 век, истата е поврзана со матичните клетки и нивната способност да се диференцираат во други клетки и ткива на тој начин да се создаде можност за терапија и третман на дури и најтешките заболувања. Човечките плурипотентни матични клетки, human pluripotent stem cell (hpsc, hipsc) имаат неограничена способност за самообновување. Во клиничката пракса сега и во македонската медицина, матичните клетки се единствената надеж за лекување и шанса за живот за најтешко болните, од тука со право лекувањето со матини клетки го добива епитетот ,,терапија на иднината,,. Др. Вилијам Велковски специјалист по ортопедска хирургија, вработен на Клиниката за ортопедија во Скопје, со големо трпение покрај сите конвенционални интервенции, успешно ја применува и процедурата на третман со автологни матични клетки од коскена срцевина. -,,За најголемо достигнување во регенеративната медицина согласно веќе рутинските пракси и кај нас се смета, со помош на матичните клетки да се реши некрозата на главата на бутната коска. За прв пат во 2016 година применив автологни матични клетки од коскена срцевина во лекувањето на аваскуларна некроза на главата на колкот која најчесто се јавува идиопатски од непознати причини и стекнати при патолошки состојби како алкохолизам, неконтролирано пушење или при земање на кортикостероидна терапија. Најчесто оваа поцедура се применува врз помлада и средно возрасна група на пациенти. До сега за лекувањето на аваскуларната некроза не се обрнуваше големо внимании заради фактот што методите за интервенции и изборот на истите беа доста инсуфициентни и премногу инвазивни додека крајниот резултат беше неизвесен. Начинот на изведување на ова метода која ја изведувам е минимално инвазивно без никаква крвозагуба или можен ризик од компликации. Автологните матични клетки земени од коскената срцевина се аплицираат во главата на колкот по претходно направена декомпресија и бужирање на колкот. Со истиот третман се овозможува нова васкуларизација и создавање на нова и здрава коска на главата на колкот со што се спречува прогресијата на болеста и потребата за замена на главата со вештачка ендопротеза,,. Во оваа смисла македонската медицина дејствува и не заостанува со современите светски трендови во спроведувањето на регенеративната медицина. Македонска нација |