Среда, 20 Ноември 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXVI
Martin Trenevski
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
  
1. Во Македонија веќе трета година се живее, или подобро кажано вегетира, со чуство на континуирана политичка (елементарна) непогода! Народот секојдневно е изложен на неподнослив стрес, а младите со несмалено темпо ја напуштаат родната грутка.
 
   Непогодата има име и се вика Влада на коалицијата СДС-ДУИ. Најнов нивен потез што предизвика бура од реакции и осуди во јавноста, е сечата на јапонските цреши во центарот на Скопје и тоа не како што тврди градоначалникот Шилегов, дека биле - наводно "болни", туку - за инает, бидејќи беа засадени во времето на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!
 
   Со други зборови - трендот на вандализам и уништовање по можност на се што створи претходната власт продолжува со несмалено темпо. Дури добива на интензитеет.
 
   На сечата на јапонските цреши (во меѓувреме, додека го пишувам прилогов засадуваат нови) ) му претходеше раатисувањето од барокната зграда за администрацијата на градот Скопје и тоа според економска логика (!?) што е за Гинисовата книга на светски чудесии: изградбата чинеше 23,5 милиони евра, а зградата се продаде за 12,7 милиони евра, плус ослободена од плаќање комуналии, придонеси и слични бенефиции! Да не го заборавиме сечењето и отстранувањето на оградата од ковано железо околу зградата на Владата, уништувањето на споменикот на Илинденецот Ќосето.....
 
   На што се должи овој садистички порив на уништување на добра платени со народни пари, времето ќе покаже, но лично мислам дека е во прашање патолошка омраза кон политичкиот противник (ВМРО-ДПМНЕ) што континуирано не влече сите нас кон дното! Дали  к о н е ч н о  ќе преовлада разумот кај сегашниве властодржци - не знам, но со Зоран Заев на чело, воопшто не сум оптимист.  
 
2. Првиот дневен весник во земјата Нова Македонија објави деновиве многу предупредувачки напис под насловот:"Како Заеви станаа најбогати во Европа, а Македонија е најсиромашна на Балканот и најкорумпирана во Европа". Самиот наслов е доволен човека да го заболи глава, но е и опомена за оние структури што го подржуваат - особено странците на кои им слугува, да ги преиспитаат своите ставови кого подржуваат!!!
 
   Весникот го цитира лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој  на настап пред граѓаните рече: "Тоа што Заев со години го правеше во Струмица сега сака да го примени во цела Македонија. Парите од тендерите во Струмица станаа пари на Заеви, а за избори се претвораа во пари за поткуп. Ако порано крчмеа буџет од 4 милиони евра годишно во Струмица, сега сакаат да си играат со буџет од близу 4 милијарди евра (станува збор за боџетот на државата проектиран за 2020. година, М.Тр)"!!! 
 
Како станаа Заеви најбогати во Европа, а Македонија најсиромашната земја на Балканот и најкорумпирана во Европа
 
     Според Мицкоски, кој се обрати по повод 28-годишнината на Унијата на млади на ВМРО-ДМНЕ, Македонија има влада без визија, без концепт и програма. Кај овие луѓе нема ниту идеологија, ниту кауза. Зошто тие имаат испраксирано еден ист метод кој не е голема суштина, туку за да го применувате потребно е само да имате отсуство на морал и да немате проблем да си играте со човечки судбини!
 
3.   Садистичките изливи на Зоран Заев во стилот "ќе јадеме живи лугје", кон политичките неистомисленици се потврдија и на партиска трибина во Велес каде зе завети "дека доддека бил жив ќе го гонел Груевски". Повод за ваков излив на бес кај Заев била одлуката на Кривичниот суд којшто оценил дека судскиот процес за кинеските кредити за автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, бил застарен!? Според Заев, ќе имало целосен ветинг (проверки) за судии и обвинители за да се расчистело со корумпираните во нивните редови.
 
      А да го потсетиме Зоран Заев дека истите тие корумпирани (!?) судии го  о с л о б о д и ј а  од одговорност кога бараше поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен и дека во два наврати од двајца претседатели на државата е аболициран (ослободен од одговорност), за слични недела!?
 
4.  Електронскиот портал "Котле" на Јордан Петровски објави авторски текст со илустрација од Јадранка Костова, објавен во далечната 2007 година за кадрите што произлегоа од Правниот факултет во Скопје и за нивниот "учинок" во транзицијата. Костова во својата обемна анализа претставените ликови ги нарекува:"Правниот факултет од полициско дувло до расадник на кадри кои ја извалкаа македонската транзиција!".
zajko 2Интегралниот текст на прилогот од Јадранка Костова е објавен во порталот Котле на 14.11.2019
 
5.  Конечно француската влада преку својот "non paper" /non pejp'r/ ги обзнани своите гледишта за иднината на процесот на проширување на Европската унија, а документот им го достави на увид за разгледување на сите земји членки и патем и на земјите кандидати.
 
     Работава на прв поглед ми личи на онаа, народната: "Се тресела гората - се родил глушец".
 
     Неодминлив е впечатокот дека Франција предводена од новиот Наполеон, Емануел Макрон, соочена со невиден притисок и осуда од речиси сите замји членки на ЕУ, како и од меѓународната, но и од домашната јавност, беше приморана да понуди барем нешто на хартија иако тоа "нешто" нема некоја длабока суштина ниту смисла. Повеке се наметнува чувството дека во ситуација кога неприкосновениот авторитет на германската премиерка Ангела Меркел полека но неповратно бледнее заради нејзиното извесно заминување од европската и меѓународната политичка сцена, како и заради одреденото заладување на француско-германските односи поради несогласувањата за одредени теми, Макрон виде своја шанса за себепромоција како неприкосновен лидер на многу раштиманата Унија!?
 
     Заради ваквите состојби внатре во Унијата, колатерална штета се Република Македонија и Албанија на кои им беше ускратен многу гласно најавуваниот и ветуван конкретен датум за почеток на преговори за членство.
 
     Што содржи фамозниот нонпејпр на Франција? Пред се, во процесот на проширување на Европската Унија во прв план е владеењето на правото и темелните права! Kлучно за французите е воведувањето на реверзибилноста на преговарачкиот процес, што како став е поздравен дури и од македонската Влада, сметајки дека ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и ќе ги направи преговорите поефикасни, посуштински и покредибилни.

    Постепено придружување, построги услови, поконкретна корист и реверзибилност се четирите услови на кои би се засновал обновениот пристап во преговарачкиот процес, според францускиот предлог. Париз бара целокупниот процес на придружување да биде „постепен и поттикнувачки“. Со други зборови, наведеното во нонпејперот содржи веќе познати работи што и до сега беа реалност во праксата, но сега со малку поинаков вординг, но да се чуе нејзиниот супериорен гласа и волјата на Емануел Макрон!?
 
     Франција  воедно бара Европската комисија новата методологија да ја објави до јануари 2020 година.
 
6.   На грчкото безобразие со провокацијата наречена бренд за производите од Беломорската Македонија Macedonia the GReat нашиот (македонскиот) образ го одбрани еден Словенец кој го понуди како одговор на грците подолу прикажаниот нацрт за бренд за наши, македонски пороизводи.
 
Од срце му благодариме
EJh3S4CXsAYJr7Y
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.