Среда, 27 Ноември 2019   
Обесхрабрувачка порака на Пендаровски

1 1Свекрва

„Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја“–изјави претседателот Стево Пендаровски на неодамна одржаниот Форум за млади лидери во Нови Сад.

Ова е најлошата изјава која од осамостојувањето на земјата ја има дадено некој македонски претседател. Во изјавата полна со дефетизам, претседателот признава дека многу работи во земјата не функционираат и дека доколку загусти во земјата многу од власта први би избегале од земјата.

Изјавата на претседателот преставува многу лоша порака до македонската младина, до домашните и странските потенцијални инвеститори во земјата, потоа до туристите и сите други кои би сакале да ја посетат или да живеат во земјата. Тој искрено кажа, дека со доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев наместо ветувањето дека ќе „дојде животот“, земјата е ставена пред тотален хаос.

Тоа е земја  во која владее мито и корупцијата, каде се рекетира и каде едноставно системот не функционира.

Актуелната власт со својата економска политика ја однесе земјата кон тотален колапс. Задолжувањата на земјата се’ се почести и поголеми. Тоа се непродуктивни задолжувања кои ќе треба да ги враќаат нашите внуци и правнуци. Додека овие средства се слеваат во џеповите на „црвената елита“ за македонскиот народ нема многу. И она што се дели не ги задоволува потребите на младите кои секојденевно купуваат карта во еден правец.

Изјавите од типот дека има зголемувања и дека просечната месечна нето-плата по вработен изнесува за септември над 25.000 денари или 400 евра не е сосема коректна, со оглед дека тука се пресметуваат и платите на поединци кои изнесуваат и по повеќе десетици илјади евра. Најголемиот дел млади лица земаат под овој просек.

Во услови кога младите си ја бараат среќата надвор, а македонските стопанственици не сакаат или не се во состојба да го одврзат кесето за да им го платат трудот на својот народ, дојде време да се бараат работници од увоз кои би работеле за пониски примања. Всушност во текот на својот мандат оваа власт освен што го продаваше името, идентитетот, јазикот и историјата на македонскиот народ, ништо не направи на економски план за да ги задржи  младите.

Преставниците на сегашаната власт, свесни дека по она што досега го направиле нема да можат да ги задржат своите позиции по предвремените парламентарни избори закажани за април идната година, се обидуваат на секој начин да ги наполнат џебовите за да можат по завршувањето на мандатот да заминат во некоја странска земја.

Претседателот Пендаровски, за разлика од претседателите Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорѓи Иванов, не покажа државнички карактер. Наместо охрабрување, тој уште повеќе го демотивираше својот народ и му препорача иселување од земјата.

Дали тоа е само несреќна изјава или пак целна која треба уште повеќе да го потикне иселувањето на Македонците, за да нивното место го завземат оние кои дивееа во Македонскиот народен театар или мигрантите кои повторно зачестено се појавуваат на Балканска рута?

Одговорот тешко ќе го најдеме. Но со вакво однесување на актуелните власти, со руинирани институции и однесување на одредена заедница која мисли дека е домицилна тешко дека ќе влеземе во ЕУ. Едноставно со дивеењето како што го покажаа „Шверцери“ во една културна установа не се оди во Европа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.