Среда, 27 Ноември 2019   
БОЈКО И БУМЕРАНГОТ

tomic-8

Лесно е некому лошо да сториш, тешко е по добро да те памти.
Така и со средбата Мицкоски – Борисов. Непоимливо за политичар кој се смета за шеф, да се однесува толку ниско кон свој колега, лидер на сестринска народна партија. Некои велат ефтин шверцерски трик: Викаш медиуми со камери и фотоапарати, и на крајот го пеналиш собеседникот пред отворен микрофон. Приватноста станува мисловна именка, важен е пеналот. Се разбира, треба да се фотографира средбата за спомен на конекцијата, да се испрати порака до светот и тие што те следат. Но, тоа трае една минута и толку! Бојко Борисов во средбата со Христијан Мицкоски очигледно не го испочитува тој протокол.
 
Па, нели Борисов е политичар со европско педигре и искуство? Дефинитивно како и со знамињата, химната и црвениот тепих на протоколот на Заев, ја утна работата овој пат протоколот на Бојко. Освен тоа колку и да било ненамерно, како од небо во ребро Бојко улета со Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, за да бил начисто кого да поддржува. Навистина се’ сме виделе и што не сме се изнаслушале во изминатите децении, но, ваков ефтин шверцерски трик досега не сме виделе.
 
И што требаше да се следи? Мегафоните и лажните спинери на СДСМ и Заев тргнаа во акција за лов на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Го избербатија небаре обична боксерска перница на која сите се ујдисаа да удираат под плексус или папок,со еден збор ниски удари. Ефтини трикови и штосови што би се рекло. На договорена средба помеѓу два лидера или претседатели на две сестрински народни партии како ВМРО-ДПМНЕ и партијата на Бојко би требало да има достоинствено однесување.
 
Зборовите се како меч, поостри од најостро ти сечиво. Можете некој да исечете за цел живот, да му направите такви емоционални лузни, да го убиете во поим без можност за рехабилитација. За среќа постои и вратка на ударот.
 
Ако великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, своевремено пред еден век рекол дека светот е поле на културен натпревар мему народите, зошто тоа да не биде пракса и прагма и меѓу нас? Зборувам за нашиот Гоце, Македонецот, за кого Бојко исто така води јалова агресија “дека бил Бугарин”, иако историјата јасно потврдува дека е Македонец, роден во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија. Зборувам за Македонија, окупирана по Балканските војни 1912-1913 година од Бугарија, Грција и Србија…
 
Веројатно средбата Борисов Мицкоски е оркестриран обид на двоецот Борисов Заев да се наштети на лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и партијата воопшто пред престојните парламентарни избори. Етиката е манир и протокол, за жал, политичката арена на ривалите гладијатори нема лимити во борбата да се совлада противникот, не се избираат средства да се оствари целта. И секој кој истрчува на јавна сцена мора да биде свесен за ризикот кој го носи таа егзибиција.
 
Има една стара изрека која вели: Силните луѓе не ги спуштаат луѓето долу, тие ги креваат горе!
 
Бидете вие, господа, тие силните. Внесете манири на фер избори и кампања. Не се спуштајте прениско, затоа што бумерангот секогаш се враќа. Да не го дочекате во тил па ничкосум на земја, со свој камен по своја глава, оти и тоа честопати бива. Кој на друг гроб му копа самиот во него паѓа…
 
Мислите се моќни. Искрената намера е моќна. Затоа, закопајте ги лошите и зли намери, бидете запаметени по добрите дела, а не по злоделата!
 
пишува: Слободан Томиќ
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.