Вторник, 03 Декември 2019   
Хипокризија

Хипокризијапишува: Светислав ВАСЕВ

Доколку не беше аболициран Зоран Заев, немаше да се случи ниту промената на името, ниту договорот со Бугарија, ниту ќе бевме сведоци на најкриминогената власт во независна Македонија, ќе ги немаше Рекет 1 и 2, Кеш, Вирус, Леонардо, Поткуп и ред други криминали. Едноставно Заев ќе ја имаше одслужено својата затворска казна, а на чело на СДСМ ќе беше човек кој немаше да биде спремен на се, само за гола власт. Токму затоа предлогот на Мицкоски мора да заживее.

Нема друг поадекватен збор за наслов на колумна која ја сумира политичката активност на Зоран Заев овие денови, од Хипокризија. Политичар кој беше аболициран за криминал од 8 милиони евра, и е видео документиран како бара мито од 200.000 евра, случај за кој судот на шок на целата јавност го ослободи, сега бара укинување на аболицијата која ја даде Иванов на 50 – тина политичари, бизнисмени и останати јавни личности.

Да, аболиција не треба да има. Ниту за тие 50 – тина на Иванов, ниту за некој друг кој се занимава со политика, но ниту пак некој кој до сега е аболициран не смее да се занимава со политика.

Зоран Заев е политичар кој е опфатен и во аболицијата на Иванов, но и политичар кој веќе еднаш е аболициран, од страна на Црвенковски, во случајот ,, Глобал” . Заев тогаш не беше така бурен поборник против аболицијата, како што е денес, за разлика од денес, кога заради политички побуди глуми правдољубец, тогаш беше весел и со музика пречекан во Струмица по аболицијата, за криминал, за кој го чекаше неколку годишен затвор.

Доколку не беше аболициран Зоран Заев, немаше да се случи ниту промената на името, ниту договорот со Бугарија, ниту ќе бевме сведоци на најкриминогената власт во независна Македонија, ќе ги немаше Рекет 1 и 2, Кеш, Вирус, Леонардо, Поткуп и ред други криминали. Едноставно Заев ќе беше во казнено поправна установа или ќе ја имаше отслужено својата затворска казна, а на чело на СДСМ ќе беше човек кој немаше да биде спремен на се, само за гола власт. Токму затоа предлогот на Мицкоски мора да заживее.

Државата не може да биде управувана од страна на аболицирани криминалци и да очекуваме дека таа ќе биде водена домаќински. Така секогаш државата ќе биде ставана на втор план, на прв секогаш ќе им биде криминалот.

Доколку Заев навистина е за европски вредности, доколку е за правда и правдина, ќе го прифати предлогот што го дадовме и ќе се повлече од политиката. Доколку остане во политиката тој само ќе го докаже насловот на оваа колумна, дека всушност се наоѓа во една состојба на хипокризија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.