|
|
Најголемиот непријател на Македонците лежи во нашата неслога |
Манојил (Мане) Јаковлески Според преданијата и ретките историски записи, Александар Велики Македонски пред да умре прорекол дека: пеесет и пет генерации Македонци нема да се сложат и братски да се соберат, и поради тоа нашата Мајка Македонија ќе пати од раздорот на своите сопствени чеда, разделена и поробена. Колку и да веруваме или не на вакви легенди, факт е дека најголем непријател на Македонците низ минатите милениуми биле и останале – самите Македонци. И ден денес едни квази-политичари вршат предавства врз сопствената партија и татковина, само и само да бидат на позиција да седат на фотеља. Клетва или не, но вистина е дека најголемиот непријател на Македонците лежи во нашата неслога, а не во Атина, Тирана, Софија, Белград, ЕУ или НАТО! Многу пати сме читале во историјата колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници. Тие биле и секогаш ќе си бидат само уште една во низата променливи и природни непогоди што поминуваат над оваа напатена земја Македонска. Социјалдемократите на чело со Заев вршеа поткуп, уцени, заплашувања,... само за да дојдат на власт, за да ја доуништат унитарноста на македонската мултиетничка држава. Со влегувањето на мала врата на власт во 1992, 1994, 2001 и 2017 година, СДС остави пустош во македонската економија, што му донесе беда и сиромаштија на македонскиот народ, а што е најтрагично и со носење противуставни закони, се поиграа со Уставот и законите кои го трасираа патот за декомпонирање на македонската држава. Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но сепак секогаш станувала цврсто на нозе! Затоа ние Македонците мора да кренеме глава гордо високо, да бидеме будни и да работиме за да ги дочекаме спремни нашите пет миниту, а ќе дојдат со Господ напред! АМИН ГОСПОДЕ! |