|
|
И ние деца сме на Македонија… |
Денес, во моменти кога емоциите се обидуваат да го совладаат разумот, пишувам текст краток по својата содржина, но се надевам најдолг по својата порака. Текст за македонско отрезнување, за македонско освестување, за прекинување на македонските делби, за… Неколку настани случени последниве денови како самите да го напишаа текстот.
Наспроти ова, четвртото случување е нешто на што треба да бидеме горди. Тоа е чинот кој ни го приредија навивачките групи на „Комити“ од Скопје и „Војводи“ од Тетово, чинот на обединување, на почитување на заедничките вредности, почитување на македонскиот народ и македонската држава. Чинот во кој во еден глас ја испеаја песната на гемиџиите, онаа чии стихови одат вака: „И ние сме деца на мајката земја на мајката земја, на Македонија на нашата земја, на Македонија. И ние имаме право да живејме како и другите живот што живеат а ние страдавме, гладни умиравме. Слобода немавме, правдини никакви кога ги барвме, в затвор се најдовме Во фурни не стават за да не’ изгорат. Коските ни кршат и крвта ни пијат, а ние смели сме и горди умиравме горди умиравме, не се предававме. Живот не жалевме, младост си дававме за наши правдини смели умиравме. Парола имавме ’Смрт или слобода’, ’Смрт или слобода’ за Македонија за Македонија, земја поробена“. Го пишувам ова со чувство на срам и чувство на одговорност пред нашите деца, затоа што ние, денешнава генерација Македонци, разделени до степен на омраза меѓу себе, разделени на лидери, аналитичари, знаменосци, големи и мали патриоти, дозволивме нашите деца во дваесеттата година од дваесет и првиот век, чувствувајќи се понижено, онеправдано, нападнато од злото, обесчестено и обезимено, да ја пеат песната за страдањата. Песната за страдањата на сопствените претци, дедовци и прадедовци. За жал, да ја пеат како завет за својата иднина, да ја пеат како реалност која ги очекува, како страдање на кое ние, оваа генерација Македонци ги осудува. Ете затоа – ДОСТА Е!!! Да не дозволуваме да не’ вратат со столетија наназад, во времето на Томас Хобс, кога човек на човека му бил волк; да го замолчиме во себе нашиот шуплив патриотизам во желбата да бидеме поголеми од другиот; да застанеме простум пред нашите деца и да ја земеме судбината на татковината во сопствените раце. Обединети, заедно, сложни.. За да ја зачуваме за нив, за нашите деца, за децата на нашите деца… Поинаку, децата ќе ни заминат, ќе се витосаат низ светот, а со нив за жал ќе се витоса и Македонија. И потоа… За жал, ќе нема потоа. Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес |