Среда, 11 Декември 2019   
Ако треба да „умреме“ тогаш да го направиме со достоинство, со име и презиме, за да не запомнат како Македонци

1 1Свекрва

Факт е дека секој народ кој нема историско помнење, кој нема своја историја, тој нема ни иднина! Оттука. ако нешто итно не се преземе, по распродажба на името, идентитетот, јазикот и историјата државата на македонскиот народ веќе нема иднина.

Соочена со  бесперпективност на сопствената држава, која грабливците едвај чекаат да ја расчеречат, македонската младина наместо да ја брани, купува билет во еден правец. Таа дури е стимулирана и од претставници на власта. Имено претседателот на државата изјави дека доколку не е претседател и тој би заминал од државата.

Социјалдемократите со Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за јазиците ја уништија иднината на македонскиот народ, а земјата ја доведоа пред распад.

Со Преспанскиот договор го сменија името и идентитетот на македонскиот народ, а историјата на древните Македонци им ја поклонија на Грците. Исто така, со Договорот за добрососедство со Бугарија се откажаа од средновековната и поновата историја на Македонците и со промената на Уставот ги урнаа темелите на македонската државност. Од друга страна пак, со прифаќањето на Тиранската платформа и донесувањето на Законот за јазиците, сегашната власт ја уништија унитарноста на државата, што дополнително допринесе за разочарување и иселување на македонскиот народ од земјата.

Всушност, од доаѓањето на коалицијата на Социјалдемократите и ДУИ на власт, македонскиот народ наместо правда, доби неправда, наместо достоинство, остана без него, наместо мир доби закани и наместо подобар живот му се понуди  иселеничка карта. При една таква состојба, грабливците чекаат само да липса земјата за да ја распарчаат. Секој нејзин обид да се поврати, да оздрави и да си го врати достоинството, името, историјата и унитарноста е дочекана на нож.

По објавување на забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, кој е спротивен на Уставот и важечките закони во државата, како и надвор од предвидените рамки на ЕУ со Повелбата за малцински и регионални јазици, вицепремиерот Бујар Османи отворено се закани велејќи дека „Секое поместување еднонасочно на балансот во македонско – албанските односи кои се постигнати со многу труд ќе отвори магичен круг и спирала која ќе не помести од патот кој што сме тргнале. Што тоа значи еднонасочно поместување, кој било обид, на пример дали македонските уставни судии ќе ги надгласаат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали собранието без согласност од претставниците на етничките заедници се обиде на сензитивното прашање се обиде да пристапи еднонасочно тогаш буквално ја руши оската на која се држи балансот на македонско- албанските односи.“

Всушност Османи се закани со повторување на 2001 година доколку не се примени Законот за јазиците. При тоа, тој или не го знаее значењето на поимот баланс кога става знак за равенство помеѓу 20 или под 20 осто Албанци со над 60 проценти Македонци и околу 20 проценти друго малцинско население, или пак ни ја најавува агендата на албанските политички елити од регионот за обединување на Албанците. Како иначе може да се сфати постапката на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој го откажа присуството во форумот на Енергетската заедница во Молдавија, само затоа што на истиот не била поканета Република Косово.

Чиј министер е тој и  кого преставува, Македонија или Косово?

Што прави власта предводена од Зоран Заев. Зошто се молчи и се дозволуваат секакви закани.  Едноставно на ваквите постапки на албанската заедница во земјата мора да и се стави крај.

Замислете ако поради ваквите закани не се испочитува Венецијанската комисија, каква порака тогаш испраќаме до останатите етнички заедници во земјата.  Тогаш тие можат слободно по примерот на Албанците од 2001 г, да земат калашникови и да завземат некоја планина или институција од каде со помош на некоја соседна земја или голема светска сила да ги бараат истите права какви што сега ги има албанската заедница или пак и нешто повеќе.

СДСМ заигра на политички тенок мраз.

Ако мисли дека со влегувањето во НАТО ќе го гарантира територијалниот интегритет и дека земјите кои ја поделија Македонија во 1913, како и Албанија и Косово нема да учествуваат при евентуално распрачување на некогаш големата татковина, тогаш се лажат.

Иако Турција и Грција се членки на НАТO досега веќе неколку пати беа на работ на војна. Сега нивните морнарици повторно се испловени и се на работ на воен судир, по меморадумот помеѓу Турција и Либиската влада поддржана од ОН, за разграничување на помораската зона во Источниот Медитеран, во обид да ги блокираат понатамошните активности за дупчење на Грција и Кипар во областа во потрага по енергија.

Со оглед дека Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и Законот за јазиците беа донесени за брза евроатланска интеграција, но завршија со половичен успех, односно неуспех, време е со Венецијанската комисија полека да му го вратиме достоинството на македонскиот народ. Едноставно, видовме дека што и да направиме нема така лесно да станеме членка на ЕУ.  Грабливците нема така лесно тоа да и го дозволат на Македонија.

Затоа, дајте како и нашите претци да докажеме дека имаме своја историја и историско паметење.

Ако треба да „умреме“ тогаш да го направиме со достоинство, со име и презиме, за да не запомнат како Македонци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.