|
|
ЛАТАС: БОКИ 13 ако е ПЕДЕР не е ГЛУП да загине за Заев |
Фото/Текст извор: ©Вечер Кога се виде дека со незаконски снимања и туѓи телефонски разговори може да се земе власт, сите тргнаа да снимаат, па денеска секој од секого се плаши, бетер е и од времето на комунизмот. Бидејќи долги години ги познавам и Орце Камчев а и Зоран Милевски Кичеец, можам да кажам дека ништо битно не објавиле. Орце ужива да шармира со кафански муабети па понекогаш губи контрола на забавата, а Кичеец е мачо мен кој немал ниту една причина да заработува од секс со Боки 13.
Кога се виде дека со незаконски снимања и туѓи телефонски разговори може да се земе власт, сите тргнаа да снимаат, па денеска секој од секого се плаши, бетер е и од времето на комунизмот. Тогаш беше важно да не се истрчаш против Тито, УДБА и партијата, денеска мораш да се пазиш од сите. По новите пет-шест криминали фатени за само една недела, тргнаа да вртат внимание на тоа кој кого ебел, и се околу таа тема интересна за бадијалџии, продавачките во бутици и тетките во сметководство. Бидејќи долги години ги познавам и Орце Камчев а и Зоран Милевски Кичеец, можам да кажам дека ништо битно не објавиле, пишува Латас.
Последниот случај е снимањето на Орце Камчев, кафански разговор помеѓу четворица седнати полупијани на астал во Бугарија, од кои едниот е близок соработник на Вицето. За да се заплаши Орце Камчев и другите сведоци. За да се тргне вниманието од податокот дека во рекетот како помагател на Боки 13 учествувал и министерот Венко Филипче, како и да се забошоти фактот за близината и домашното пријателство и поддршка од Радмила Шекеринска за Боки 13 и Катица Јанева. За да не се истражува и јавно реагира за лажниот стечај на Топлификација и фактот дека Заев и другарите со рускиот олигарх Лебедев од стечајот заработиле 200 милиони евра. Паралелно, повторно се врши масовна закана кон судиите да соработуваат со СДСМ. Снимките ги направил, и им ги дал на Заеви, човек кој е под истраги во време кога се води постапка против него и член на неговото семејство за давање поткуп на Катица Јанева. Не рекет, поткуп, бидејќи за атер на Заев тие платиле а не признале дека Боки и Катица им барале рекет. Наредниве денови, најмногу недели, откако ќе завршат сведочењата против Боки 13 и Катица Јанева ќе има и правна завршница за овој случај на давање поткуп. Се брзаат, за Апелација да решава за овој предмет пред изборите во април. Во снимките се оцрнува Зоран Милевски Кичеец дека, според кафеанските оговарања, наводно имал секс за пари со Боки 13, па патем се наведува и цената за тоа. Дали случајно е избрано токму ова што нема врска со политика, со судскиот процес против Боки 13, ниту со јавен интерес? Секако не. Боки 13 на суд покажа дека и не е така глуп како што изгледа, дека ќе се брани себе и по цена да повлече други кои соработувале со него во калта во која се наоѓа, а кои сега се прават наивни. Сетете се, Заев се обиде да го понижи Боки 13 и неговите постапки кога изјави дека нема да дозволи еден педер да ја урне владата. Е па, ако е педер не е глуп да загине за Заев. Очигледно, нема дил помеѓу Кичеец и СДСМ. Кичеец е свесен дека е сам, дека оставен на себе може да се спасува само со изнесување факти, а тие факти го плашат Заев. Пораката му е: ќе те урнеме до темел, ќе ти уништиме и фамилија, и иднина и се што имаш. Тоа е метод на СДСМ кој многумина од нас го осетиле на своја кожа. Кога нивниот интерес е загрозен, газат и по деца, и по фамилии, и по егзистенција, и по судии… по се. Бидејќи долги години ги познавам и Орце Камчев а и Зоран Милевски Кичеец, можам да кажам дека ништо битно не објавиле. Орце ужива да шармира со кафански муабети па понекогаш губи контрола на забавата, а Кичеец е мачо мен кој немал ниту една причина да заработува од секс со Боки 13. Кичеец е свесен дека е сам, дека оставен на себе може да се спасува само со изнесување факти, а тие факти го плашат Заев. Пораката му е: ќе те урнеме до темел, ќе ти уништиме и фамилија, и иднина и се што имаш.
Доволно е богат и влезен во бизниси да живее добро и без тие ризични перверзии. Боки за тие потреби има дружба со Мачак, како и со некои лица што беа во телевизијата. Патем, никој не забележа дека на судењето на човекот од доверба на СДСМ, професорот Бобек Шуклев, сведочеа дека барал секс или 1.000 евра од студентки да положат испит. Кај него сексот бил дупло поскап, затоа што е доктор на науки. И Геро, циција каква што е е богат човек. Има пет стана, пристоен портал, возрасни деца кои полека стануваат самостојни и нема причина на овие години да ризикува статус на кол герла, и пишува за пари по нарачка. Такви он деманд новинари барајте меѓу помладите, невладините и очајните. Фрчко ви е модел за тоа. И да заклучам. Среќа голема е што истрагите околу Рекет се под американска контрола, што наскоро треба да има избори па има се повеќе новинари, обвинители и судии кои се осмелуваат да работат слободно, без страв од одмазда на Заеви, СЈО и Фамилијата. Да не е така ова немаше ни да се отвори. А за другите криминали како Диамед, РЕК Битола, Рашкоски, новиов рекет на Заеви за плац во општина Аеродром, за стечајот на Те-То, авионите за спасување за која услуга на Жути треба да му се платат 72 милиони евра, за тендерите на Пуцко Петрол и на Роштиљ, за кражбата на ФЕНИ, за Анѓушев… има време. Со новата власт тоа само по себе ќе си дојде на ред. Или, и таа власт ќе мора да замине предвреме. Сред целата мака и кошмар на СДСМ Бугарија токму сега им тури нов камен за под глава: признајте дека не постои македонски јазик, и дека Македонците се Бугари. Ако речат да, и го потврдат она што две години го зборат со Бугарите во заднина, политички се мртви и пред избори. Ако речат не, ќе им испорачаат од Бугарија некои документи, некои бизнис проекти на Вице и некои снимки од кои ќе им застане здивот. Да не заборават, Бојко и Вучиќ владеат со политиката на Балканот. Ни министерот Никола Димитров нема што да каже на ова негирање на нацијата. Важно тој и Пендаровски да им учинат на Албанците, косоварите, дека не ја признаваат Нобеловата награда на Петер Хандке затоа што во босанската војна ги поддржувал Србите. Друже, ти направи кариера со полтронство и кај Љубчо, и кај Груевски и кај Заев… Па, која е твојата одговорност за нивната политика. Патем, и премеирот на Британија, Џонсон, како новинар во бомбардирањето на НАТО, 1999 година, ги бранеше Србите. Пиши му дека не го признаваш за премиер. Врв на лицемерие е кога Пендаровски, при посета на манастирот Бигорски изјави: Ако не ги почитуваме корените, нема да имаме иднина. Тоа го кажа човекот кој, со Заев и Димитров, стои зад откажувањето од АСНОМ, насилната промена на уставното име, бришењето на нација и јазик, соработка со албанско подземје само за да добие власт. И после, ете зошто мора му се бута на Бојко со “Кај си љубави…“ а овој му врти грб како да е шутрак на кој му дал да му ја препаркира колата. Ако вие верувавте во подобар живот со Заев, не им се потсмевајте на децата кои веруваат во Дедо Мраз. За разлика од вас, децата нешто и ќе добијат за празникот. Драган Павловиќ Латас |