Петок, 20 Декември 2019   
Или Македонија или ништо?!

Goce Markov

Гоце Марков - колумнист, Македонец ама не Северџан и некојси Колумнист

Или Македонија или ништо?!

Јас, како роден Македонец, а планирам така и да умрам, имам целосно право да изнесам неколку факти за Македонија и за нејзините современи ,, владетели"...

За почеток првата Влада, онаа експертската, за некои најарна за некои зародиш, за некои промашување... Сепак би кажал можело и поинаку!? Нооо, никој не се нафати!

Значи најдобра во временските параметри?

Доааѓаат потоа системските акумулирани проблеми, негации, собирано со децении зло а разрешница до првата постојка!?

Таму втор, трет автобус...

Љубчо нема да го споменам поради историскиот тек на околностите. Бранко ќе го бараат левичарите.

Од 2001 - та Македонија де факто е фрлена на милост и немилост на хиените од сите страни.

Народецов секогаш за поарно!

Но, поарното се изарчи... се потроши одамна.

Никола донесе еден растеж на економија, отвори фабрики, вработи луѓе, но создаде и една перцепција за #НегативнаСелекција.. Да, да наша беше, десничарска ама негативна!

Контролата и подреденоста над милитантниот дух, строго почитуван од Вмровецот не фрли во раце на One man Desision!

После ова нема назад.

Овие пак сега се брука на бруките. Ја растурија и продадоа Македонина на тезга, на мало...

Прво на ангро а потоа делче по делче.

Заев е доказ дека Америка она големо име си плукна на теза на Џеферсон, дека 51/ владее со останатите 49.И тоа преку свој амбасадор!

Инаку да прашам, каде е човеков бре?

Еве денес јас ќе говорам и ќе прашувам СЕ она што го интересира цел Македонски народ а никој јавно не сака да се офира, чунки фотелји им се на сите во очите!!!

За арно да е!

Бог е Голем, а и Името Македонија!

Која е цената на негативната селекција? Економските а квалитетни политики заменети со комоцијата на локалните Шерифи!? Дали нешто се променило после Шарената револуција или само сиров континуитет? Би рекол полошо! А уште полошо и ќе биде ако се дозволи рудиментираните остатоци на мрзливоста, на купените дипломи, на корупцијата ни се вратат на голема врата?

Немој еден ден да бидеме како нив!??

Тогаш ќе речам, ова не е мојот Концепт!

Јас сум Македонец кој говори македонски и размислува на македонски начин. И да, пука на македонски!

Јас не се грижам за мене но за нашите поколенија. Со овие на власт да не се грижиме за иднината на нашите деца, туку заедно со нив германски и штрафта??! Намерното бирање на неквалитетното и смрдливото за алфа точки не чинеше Пораз. Дали сега истите би ги вратиле по цена на пораз? Па проверете бре! Па утврдете и откријте ја Америка? Па и топла вода има во Кочани… е нема ентузијазам!? И тој кој го има го има поради белата ноќ после црниот ден, ако ме разбирате? Македонски говорам де! Послабиот на местото на лидер, директор, шеф, раководител е одлична пудлица дудлица која ќе шепоти гласно по телефон. Идеална алка за идеална контрола на умот на ограничени индивидуи, екстрахирани растителни видови кои ќе ви бидат утре шефови! Браво! Старата номенклатура на местото на војниците кои гинеа за генералите? Чукни си ја главата Оче наш кој си небесата и во главите на т.н. Патриоти во суштина влекачи и апатриди! Во вакви релации на погрешна претстава за шаховската табла дали вреди и гледач да си? Моето искуство со Камилата, Шаторот и Камиларот ме натера да го удирам Магарето и да ви ја нацртам Животинската фарма која ви ја црта еден IQ 84 а вие ја подржувате со тоа што ја градите во нашите структури. Тоталниот колапс на системот еден ден сите ќе ве натера да ги барате Квалитетните, Работливите, Умните… ама ќе ги нема!? Ќе ви останат Старите, Корумпираните и Манипулаторите!

Или здраво и паметно, или човечки и одговорно,

ИЛИ ЗБОГУВАЈТЕ СЕ СО МАКЕДОНИЈА??!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.