Среда, 25 Декември 2019   
Христијан Мицковски за две години ја врати довербата во ВМРО ДПМНЕ

Hristijan Mic

Секој е даден од Бога да ја исполни должноста која му е доверена, да даде се од себе и во еден човечки живот да придонесе за своите, за ближниот, за Бога , за земјата во која се родил, за нацијата во која е даден, за верата во која е подарен. 

Христијан Мицковски за две години ја врати довербата во ВМРО ДПМНЕ.

Точно пред две години, на 23 декември 2017 година, на 16- от вонредниот  конгрес на ВМРО ДПМНЕ во Валандово, по 14 години поминати на лидерската позиција, Никола Груевски (избран во мај 2003 година) беше заменет со Христијан Мицковски. По дебаклот на локаните избори во октомври 2017 година и оспорувањето од страна на некои видни членови на партијата, како и континуираните препреки поставени од коалицијата на власт предводена од СДС, новиот лидер имаше тешка задача да ја консолидира партијата и да ја врати довербата на граѓаните.

Со макотрпна работа, постојано на терен меѓу членовите на партијата и меѓу народот, Христијан Мицовски ја врати довербата на членството и ги освои симпатиите на обичниот народ и на меѓународната заедница.

Тивко и мирно, професорски точно и прецизнно, чекор по чекор, тој ја освојуваше политичката сцена, за да според последните рејтинзи  тој и партијата се во сериозно водство, кое треба да донесе апсолутна победа на престојните вонредни парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

VMRO DPMNE 35

Младиот и перспективен Христијан Мицковски со големо партиско искуство, за две години на чело на партијата ја врати довербата во раководството на ВМРО ДПМНЕ. Дека тоа е така покажа и саботниот митинг одржан во салата „Јане Сандански“ која беше до дупка полна. Членови и симпатизери му ја дадоа поддршката, укажувајќи дека е на вистинскиот пат, со пораката „Никогаш северна, само Македонија“.

Свесен дека македонскиот народ заслужува многу повеќе, од она што досега политичарите му го направија, Христијан Мицковски не ветува брда и долини, не ветува дека кога ќе дојде ќе потече мед и млеко во земјата. Но, тој ветува дека ќе ги исправи неправдите кои ги напаравија Заевистите. Едноставно, не сакајќи повторно македонскиот народ да биде разочаран тој ветува само она што може да го исполни.

Тргнувајќи од традицијата на ВМРО, која во основа ја има слободата и правдата, Мицковски  поставува одредени принципи, кои во досегашната политика во земјата недостасуваа.

Првата работа за која се залага Мицковски, тоа е воведување на правдата. Почитување на Уставот и Законите кои во изминатите години беа многупати изиграни, неиспочитувани и ја доводеа земјата на ивица на пропаста. Тука спаѓаат не само примерите на промена на името, идентитетот, туку и сите случаеви на селективна правда, каде обичниот човек плаќа многи  повеќе од оние кои се на власт и кои имаат средства.

Сегашната власт предводена од Зоран Заев ветуваше живот. Но наместо живот, луѓето од тоа што им е убаво се повеќе се иселуваат. Исто така, ветуваа дека се на прав пат, но наместо тоа македонскиот народ неможе да помине граница меѓу две држави ако се изјасни како Македонец. Со промените на името и идентитетот македонскиот народ го донесоа во ќорсокак и ако сака да помине некоја граница треба да се изјасни како Грк или Србин.

Досегашната власт предводена од Заев се покажа одлична како манипулатор, но неспособна да води држава. Тие немаат визија и ништо не направија за да ја подобрат економијата, здравството, образованието, како и во сите други делови на општествениот живот.

Поради тоа е потребна промена на власта и итни промени во сите области.

Христијан Мицковски покажа дека има визија и дека со својот тим може да се справи и да ги надмине последиците кои Заевистите ги направија со Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и Законот за употреба на јазиците.

Едноставно мора да се поправат грешките кои досега се направија во сите сегменти на општествениот живот, зошто тоа народот навистина не го заслужува.

Потребно е да се победи Заевизмот кој ја свитка кичмата и му нансе толку многу штета на Македонецот.

Сега македонскиот народ треба да се исправи, да ја исправи својата кичма и да победи заради Македонија. Обединети околу ВМРО ДПМНЕ a со лидерот Мицковски, победата е неизбежна, а со тоа и враќање на достоинството на Македонскиот народ. 

ВМРО ДПМНЕ е голема партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе даде се од себе да ги одбрани интересите на македонскиот народ. Во тоа нема да ја спречат некакви маргинални и платени функционери од минатото кои очигледно неможат да издржат кога партијата е во опозиција-се разбира затоа што во опозиција нема пари, а тие очиледно беа влезени заради личен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски продолжува уште пообединето, посплотено. По победата на 12 Април новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе обновата на Република Македонија.

АМИН!

mane 5Манојил Мане Јаковлески

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.