Среда, 25 Декември 2019   
ЦТРИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XLI

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

ЦТРИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XLI

     1. Новоустоличениот Претседател на државата Република Македонија Стево Пендаровски на 18ти декември го одржа традиционалното обраќање во македонското Собрание пред пратениците, претставниците на дипломатскиот кор и пошироката јавност. Се истопори Стево на говорницата меѓутоа, за жал на сите нас, сосема очигледно беше дека тој или не може, или не сака, или пак некој од страна му така му диктира: тој не успева да се дистанцира (а мора тоа да го стори кога и да е) од владеачката политичка структура на која со сето свое битие и е приврзан. Или, како што апострофираше пратеникот Илија Димовски: "Место да гради мостови (како претседател на државата), тој само ги продлабочува поделбите во општеството"! Димовски на пресот по обраќањето на Стевота му префрли и за непростливиот гаф кога истресе вуквално, како од ракав, дека Гоце Делчев бил Бугарин кој работел за македонската кауза!? Се прашувам кој ли од мноштвото "мудреци" (советници) му ја подметна оваа глупост што нанесе непроценлива политичка штета на нашите национални интереси???

     Но, мојот критички став за настапот на Пендаровски пред се е заради скандалозниот протокол на самиот настан! Конкретно: неприсуството на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на обраќањето на Претседателот бидејки, според неговата изјава: не бил ни поканет!!!! Според Претседателот на Собранието Талат Џафери, на тој настан не било вообичаено да се канат лидери на партии (!?), што во конкретниов случај е или злонамерен гест и злоупотреба на позицијата домаќин (настанот, да постесиме, се одржа во Собранието на РМ чиј претседател е Талат Џафери), или незнаење и непочитување на нешто што е вообичаен протокол во традиционалните демократии!?

     Имено, на западот, кон којшто тежнееме, на настани од големо нациоанално и политичко значење на кои шефот на државата има свое обраќање, премиер и лидер на опозицијата (кој за неполни четири месеци многу веројатно и самиот ќе постане премиер), седат или еден до друг (за да манифестираат политичко единство во интерес на сите граѓани во државата), или обајцата седат во првиот ред! Дури и ланскиот случај кога лидерот на опозицијата Мицкоски беше сместен на балконот во големата сала во Собранието, беше за осуда поради недостаток на однос и респект кон него и кон опозицијата во целина, а камо ли годинешната постапка тој да се игнорира и воопшто да не биде поканет!

     Случајот со непоканувањето на лидерот на опозицијата е само уште една потврда за дилетантизмот којшто на наше длабоко жалење преовладува во македонската политичка пракса! Воедно, тоа е уште една сериозна опомена дека е крајно време да се посвети големо внимание вакви работи да не се случуваат бидејки еден од главните фактори за оценка дали во една држава постои или не постои демократија во вистинска смисла е токму односот на власта кон опозицијата во сопствената земја!

2. Водечката опозициона партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ одржа на 21 декември величествен собир на којшто со својот настап буквално блесна нејзиниот претседател Христијан Мицкоски, доктор на технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје. Мицкоски, кого угледиот коментатор Сотир Костов го нарече "Нова политичка икона", во речиси едночасовното обраќање во преполната сала "Јане Сандански" во Скопје најави дека предизборната кампања и во суштина владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се заснова на п р и н ц и п и, а тоа се: 1. Промени; 2. Обнова; 3. Правда, кои ќе доведат и до 4. принцип - ПОБЕДА! Мицкоски е категоричен дека обновата на Македонија  д о а ѓ а  базирана на споменатите четири вредности/принципи со кои партијата влегува во изборната трка и  најави големи инвестиции во четиригодишниот мандат во капитални проекти, заштита на човековата средина, брза гасификација....

     Ако по утрото се познава денот, според бројните анкети ВМРО-ДПМНЕ секаде води и да се надеваме дека заложбите на Христијан Мицкоски навистина ќе се остварат.

3. Не сум можел ни да претпоставам дека меѓу СДСМ и американските Демократи имало толку многу сличности! Имено, како што СДСМ преку улицата и сесрдната помош од Длабоката држава ја турнаа легално и демократски избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски, така и Деморатите во САД преку импичмент настојуваат да го турнат од власт легално избраниот претседател Доналд Трамп. И на едните и на другите тешко им падна што самите тие не се на власт, а параноично лакоми да дојдат и да бидат на власт по секоја цена, се послужија со се што им е на располагање состојбите да се сменат - во нивна полза. Како што би рекол нашиот народ:"Слези ти од магарето за јас да се качам".

     На Доналд Трамп му замераат дека, наводно, го прекршил уставот на САД бидејки барал од Претседателот на Украина Зеленски да испита под кои околности синот на поранешниот потпретседател Џо Бајден станал главен фактор во нафтената индустрија на неговата земја, условувајќи го со доделувањето на ветената американска воена помош од 400 милиони долари!?

     Прашувам: Зошто Демократите не покренаа постапка за импичмент за самиот Џо Бајден кога од позиција на потпретседател на САД, злоупотребувајки ја таа позиција, буквалкно  и з н у д и л  од немоќните украинци, своето синче Хантер Бајден да си го устоличи за шеф на украинската нафтена индустрија? Зарем тоа не е злоупотреба на службената позиција потпретседател на САД и прекршувањето на овластувањата и Уставот на САД???

     Доналд Трамп се покажа дека е неконвенционален политичар кој не и робува на "Длабоката држава" што ја воспоставија неколкуте администрации на Демократите и затоа, според нив, требало да си оди. Види Бога ти!? Впрочем, сите анкети во САД потврдуваат дека истиот тој Доналд Трамп води по полупарност и големи се изгледите да го победи на тамошните ноемвриски претседателски избори токму главниот претендент на Демократите за претседател, Џо Бајден!

     Колку за потсетување: Во американската пракса не се ретки случаите високи функционери на администрацијата да си ја уновчат својата подршка некому во текот или по завршувањето на нивниот мандат. Тоа и го потврдуваат токму и примерите од непосредното соседство: Бившата државна секретарка Медлин Олбрајт има големи интереси во индустријата за јаглен на Косово, а генералот Весли Кларк во индустрискиот комплекс Трепча!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.