Среда, 08 Јануари 2020   
Воистину се роди!

Goce MarkovГоце Марков

Воистину се роди!

Во екот на најголемите радости на човештвото, Раѓањето Исусово, паралелно во денешницава, во овие временски околности и параметри имаме Техничка влада. Да, да, Влада која би подготвила терен за едни нормални човечки Избори, чунки ни е многу потребна.

Му текнало на Некој таму Горе, како што велеше овој претходниов властодржец, Од горе ме спремаат!

Никој не е имун на индолентноста и пасивноста која го фрла Народот наместо во Божиќна еуфорија, во депресија...

Илјадници пораки, илјадници желби, честитања и излижани тач тастатури, само Шпанија  може-неможе, и формира влада и Македонија не може да ужива во толкуочекуваниот Датум.

Се лажете!

Која бледа фајда од таков си Датум ако економијата остане ваква, образованието во паника, а здравството на апарати?!

Што му значи тој Датум на обичниот граѓанин, на работникот, на докторот, на правникот, на ѕидарот...

Дали од наредниот ден значајно ќе им се смени животот на овие луѓе?

Па, ако Не, зошто мавате пумпи и балони?

Остајте го Народот да дише, да работи, да создаде најпрвин држава која ќе ја бараат во ЕУ и НАТО, а не да силувате и ситуации а и држава?! Остајте ја државата да се регенерира и обнови.

Само со Ново ткиво, како политичко така и општествено налик на Нов систем, нова Матрица само така можеме колку толку да извајаме една нова фигура, нов прототип на политичар, лидер, создавач, мерило и чинител во процесите а не само пасивен набљудувач и рушител на основните општествено-политички норми. Колку и да звучи  контрадикторно за вас почитувани, а денес и за мене гледајќи ги новите ставови на овие Горе, најгоре де, чувствувам немир во ветрот и нови насоки на линијата Исток-Запад. Иако потсвесно знам дека новиот ветер е стар и дека само бојата на ветрометината е заруменета моите ставови, во однос на антиглобализмот секогаш биле непроменети, а јас сум  контрапункт на нус политиките кои ги носи...

Мудроста на празниците е во смирението на духот а не во товот на телото. Така од стоење во место, почнуваат да го бараат заедничкиот именител и да пуштаат корења во дворот на Комшиите чекајќи признавање на нешто за Нив свето за другиве навреда.

Тоа се случува кога  размислувате со полното меше!

Од Шарената останаа  само спомени за настанокот на профитерите и ништо повеќе.... Се друго е гола вода и интрументалка. Кондомите се јавија како резултат на избрзана преткампања, фатени во расчекор од Началството, овојпат итро. А на првата кривина , желните за големи места а со слаб  багаж и дела позади изгледа ќе голтаат прашина по калдрмите?!

Се друго е слаба контрола и Победена победа. Инструменталка бре, само обратна!

За паразитиве кои живеат 29 годени во кохаботација и во симбиоза со насилникот имаме само слаби по конституција билдери и ретки по козистенција академици, група осудена на мала медиумска покриеност. Како тесто без квасец останаа верни на старата Матрица на арамилук и кодошлук. Оваа сорта на абортирани единки се новиот фетус кој ако се роди ќе биде новото ГМО на старото изгрејсонце. Па ти после барај ја Зората на радио. Не се останува верен на  Народот со снимање спотови и голи клипови, треба тука еснаф, срце, почит, подршка на сите свои браќа и сестри.И да, не се стигнува до врвот со психопатски маневри и тапкања по рамо, лигавење и силување роднини и кинење шии на блиски....

Ќе да поминаа тие денови!

Старата гарда ти се смее на будалштините оти си пуштено,, Топовско ѓуле" во слободен пад!Ама ти си упорен како Смрт.

Купени за пари пусти, препелкаат во плати-купи и во чувај-јави  шемите. А толку ми е смешно на душава со ликот на улична креатура и  маленкост и одвратност на утрински пролив.

Беше тоа театар на лудост и циркус од кооперациски карактер. Таа беше заразена од жолта жолтица за жолтици?

Како и сите нејзини врски таа беше и си остана со   слугински менталитет, нехаризматична девојка, оценета со двојче.

Потпрчете ракавите за да  слугувате и понатаму!

Не сте кадарни за промени па ај ќе Слугувате малце, момоци на Кметот или Жандармеријата по мерси чоколатце!

До кога  тој правец?

Каде е идејата, креативата?

Армија од арамолебци се приклучи кон Белото, стадо на нови идеи и контрареплики. Разкрчмена територија оставаме во Завет на нашите поколенија.

Оставаме оловни облаци од чад и густеж во детските грла и гради?! Оставаме само долгови на местото на потенцијалниот континентален мост кој треба да ја поврзува нашата економија со остатокот од светот.

Вашта слика за светот е  психопатска а од друга страна шверцерска и полумафојашка... имате искривена претстава за се она што се нарекува демократија и култура.

Во главата на една средовечна жена Вие ќе останете само алка и нишан како до нова

калкулација. Не бидете личности без идеи и кураж но скриен лик од маало, налик на воин хакер пред монитор, не брзоплет ловец од петти ред!

Ве гледам, ве знам и се чудам:

До толку ли ви е инфицирана душата?

И утре ќе свети сонце и ќе има ден, само вие ќе плачете по дебелата жена   која можеше се да ви даде а вие избегавте како  кукавици!

 Христос се роди!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.