Среда, 15 Јануари 2020   
Македонскиот народ заслужува подобра власт

1 1Свекрва

Македонскиот народ заслужува подобра власт

Македонците се должни да започнат активности со која ќе ја покажат пред целиот свет лошата положба во која СДСМ го втурна македонскиот народ и македонската држава со антимакедонска политика.. Но за една таква дејност е потребно обединување на сите Македонци за да може дружено да се дејствува.

Меѓународната заедница конечно извлекоа поука дека СДСМ не е добро решение да биде на власт во земјата и дека македонскиот народ заслужува подобра управа, која не би била толку корумпирана и би ги гарантирала сите права потребни за достоинствен живот на Македонецот.

По доаѓањето на власт на Социјалдемократите во 2017 година, со помош на истата меѓународна заедница, положбата на македонскиот народ значително се влоши.  За кратко време под водство на Зоран Заев, социјалдемократите не само што го сменија вековното име и го загрозија македонскиот идентитет, туку тие полека но сигурно им го предаваат македонското културно наследство, македонската историја на соседите кои со векови ни голтаат делови  од земјата.

Дозволувајќи полна слобода на „гебелсовата пропагандна машинерија“ да работи против македонскиот народ, а судот да им суди на македонските патриоти само затоа што си ја сакаат татковината, власта предизвика зголемен бран на иселување на младата популација.

Исто така, како причина за иселувањето може да се вбројат и други фактори како што се од времето на транзицијата кога народот беше избркан од работа, па се до барањата за големи поткупи вработувања или водење на бизнис. Тука се лагите на СДСМ за подобар живот кој никако не доаѓа, како и осквернувањето на чуствата и обичаите на македонскиот народ. Но она што е најмногу загрижувачко се поедините фашизоидни пројави и во поново време изјави во кои преовладува антисемитизам.

Сепак,  најстрашното е што оние Македонци кои што ќе заминат најмалку половина век не се враќаат или воопшто нема да се вратат на своите родни огништа. Ако се има во предвид дека нивните куќи и земја во бесцење ги купува не домицилно население, тогаш добиваме јасен портрет за безизлената положба во која СДСМ го втурна македонскиорт народ.

Оваа ужасна положба на Македонците, најпосле го принудува секој поразбуден интуалектуалец да направи усилби и да апелира на своите сонародници да се разбудат од сонот за да се подобри положбата на напатениот македонски народ.

Но долгот на македонскиот интелектуалец или обичен човек не застанува само на обично апелирање. Тие треба да се организираат и да им „објават вјна“ против домашните тирани, оние што со децении ги угнетуваат и ги распродаваат добрата на македонскиот народ.

Македонскиот народ е среќен што има поддршка во најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ и меѓународната заедница, која ќе го принуди лидерот на СДС Зоран Заев  да овозможи не само регуларни предвремени парламентарни избори, туку и да се спроведат  реформи во сите области на системот кои не функционираат, а кои се евидентирани од ЕУ.

ВМРО ДПМНЕ свесен за сите овие проблеми во кои не втурна сеуште владеачката партија на Зоран Заев, со најдобрите експерти работи на програми кои треба да ги амортизираат штетите што ги направи СДСМ. Наскоро овие програми ќе бидат достапни до народот и тие треба да го сплотат за да дојде до промени на подбро.  

Македонскиот народ треба да се обедини и на 12 април, на предвремените парламентарни избори да го каже својот збор, дека не сака тирани да го водат овој народ и истите да ја ранебитуваат неговата држава. Македонецот треба да избере партија како ВМРО ДПМНЕ која ќе ги штити неговите интереси и со која одново ќе го постави македонското прашање на зелената маса во НАТО и ЕУ.

Македонскиот народ заслужува подобра власт. Но, мора да се напомене дека за да се постигне целта е потребно групирање на сите Македонци.

Само сплотени, со заеднички цели македонскиот народ може да дојде до целта и да ги ревидира Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија и законот за употреба на јазиците.

Нека е Срекна Стара Нова 2020 Година

Нека е вечна Македонија и македонскиот народ.

АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.