|
|
Мицкоски: Ни го сменија името и идентитетот за да пљачкаат и бидат власт |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Економски Магазин“ се осврна и на процесот на промена на името и идентитетот. При тоа тој се осврна на два моменти. – Првиот дел е оној Â суштинскиот. Тоа е дека власта со нејзиното политичко функционирање, или  лладата и Зоран Заев и луѓето околу него функционираа на една основа, го украдоа името, го украдоа презимето, го понижија идентитетот, ја уништија гордоста и достоинсвтото на граѓаните во Македонија, посочи Мицкоски. Според него Македонија никогаш не била во полоша ситуација. – Втората работа е пљачка криминал и корупција. Тоа е политичкото функционирање на оваа владеачка гарнитура. Затоа велам дека Македонија никогаш не била во полоша ситуација, рече Мицкоски. Оттука поради овие работи, според него  е многу јасно дека на престојните избори во април ќе загубат и ќе следи обнова на Македонија. |