|
|
Лек или злоупотреба, колку е тенка линијата? |
Во процесот на европеизација наврат нанос, каде сите, таму и ние?! Подготвени или не, неважно. Меѓу другите стотина ,, физибилити студии” така и оваа со канабисот заглави пред да тргне. Создавњето една,, теритирија”, ослободена од облигации, право, одговорност каде секој од позиција ќе може да прави и решава што сака, да одгледува, дистрибуира , продава, извезува марихуана во вид на Сув цвет, денес и сега, а утре којзнае што ќе им текне!?
Легализација, стриктно за медицински цели и научни истражувања наспроти декриминализација на употребата во рекреативни цели и продажба со извоз?? Canabis sativa, марихуана или популарната Трева!Тоа е едногодишно растение што ја содржи псиохо-активната состојка ТХЦ (тетрахидроканабинол) или популарната супстанца, средство за „хај“ Сетете се кој ги повикуваше сите инвеститори кои имаат можност да инвестираат во оваа дејност „зошто е чист профит” и кој правеше промоција на истата идеја?! Кој се обидува од контролирано здравство да направи мини бизнис плантажа од Македонија?! Оној кој продал мала количина на црно или оној кој е со задни намери скриен позади превезот на политиката и законските регулативи да одгледува количини и ги продава? Итно се потребни средства за избори или крајната цел е чесна? Па не би рекол дека обичниот граѓанин пие нафта наутро наместо кафе!? Втората опција отвора сериозни можности (особено во малите земји како нашата) за избегнување на одговорностите и благ премин кон,, легална трговија”. Одгледувањето на канабис во Македонија според законот е дозволено само за правни субјекти, кои тоа ќе го прават во медицински и научни цели и за истражувања . Тие прво треба да добијат лиценца од Министерството за здравство, по претходна согласност од Владата. Значи борбата за слободен проток и флуктуација на пари е отидена дотаму да компарацијата ние ја правиме само со Холандија и САД каде владеат либерални закони по ова прашање и има слободна продажба на марихуана како за рекреативна употреба така и за продажба, ако ти е ќеиф ќе си ја чуваш и на балкон во саксија без да даваш некому отчет. А отчетот и овојпат е планиран да биде кафе брифинг наместо три вкрстени комисии на две министерства… Македонија им е во мислите ич да не се секирате! Само денес е друго време и нема да дозволиме некој да си игра со судбината на иднината на нашите поколенија. Законодавецот таму, а по тој копи паст систем и овие овде (барем досега) предвиделе дека просторот за одгледување канабис треба да биде атмосферски заштитен со фолии и ограден со ограда висока најмалку четири метри, да има обезбедено услови за мониторинг на процесот на одгледување, постојан видео надзор над целиот простор и физичко обезбедување во текот на денот и ноќта. Овие компании вработуваат агрономи, фармацевти и менаџери кои се грижат за целокупниот процес. Тоа се параметрите за одгледување, додека оние за продажба допрва ќе бидеме сведоци на нивно јавно промовирање. Гоце Марков https://kurir.mk/makedonija/vesti/lek-ili-zloupotreba-kolku-e-tenka-linijata/ |