Среда, 22 Јануари 2020   
Последните Македонци и нивните џелати

Goce MarkovГоце Марков-колумнист Македонец и Човек

Последните Македонци и нивните џелати

-Две-три думи за среброљубците, извалканите и интригантите-

Инфилтрирани и скапо платени, тоа се тие обрнати палта и првиот знак на Антихристот кој ќе го почне патот од оваа Вакафска земја, земја на недоречености, недоследности и назавршени животни дела на големи луѓе.Камен да беше ќе се стопеше под налетот на петтоколонашите, наши а нивни, без доволна претпазливост и необележани во глутницата хиени кои упорно чекаат парче мевце од Живата Жртва... тоа било политика. Или како што би рекол еден неук локал политичар, Политика е да кажеш добар ден, но политика е и да не кажеш Добар ден!

Толку за Нив. Сега за болката на македонизмотМакедонците! Барем оние јои лажно се претставуваат за такви скриени зад опсесивно-компулзивното однесување на дрвени кукли на конци или т. н.,, Маши"!?

Овие реликвии на еден стар и истрошен, банален и разводенет систем, прегазени од Новото време се ободуваат да го направат последното ситнење на Отпорот преку индоктринации наа високи позиции. Било, и ќе биде...

Всушност од тој самоуништувачки Ген си страдаме, Ние, Македонците, или барем оние кои останавме да се чувствуваме така.

Секогаш има на пола пат неизградени личности на кои психологијата на секојдневието не им дава можност на раст во општеството и стручноста, па мора да бараат номинални за нив партиски функции за имагинарни вредности кои се евалуираат само во нивните глави и со кои би си го задоволиле осмодделенското его на втора, трета виолина како би биле центар на внимание а во меѓувреме од никого непредизвикани или  не дај Боже испровоцирани?! Ваквите персони во психијатријата на политиката ги викаме опсесивни политик манијаци или скратено општествени психопати.

Така да сугестија и предлог е упат на клиника, на соодветно лекување и надомест на сета штета преку колективен заборав дека постоеле.А тие сепак упорно продолжуваат се  додека штетата не стани иреверзибилна.

Поздрав,, другарчиња" сестри и браќа кои го разбравте малото пораче наменето на оние кои ќе се пронајдат...

Раскажано е дежа ву-то, да не се секирате!!!

Дали бессрамните сенки на минатото по втор пат ќе се обидат да ја поминат Долината каде Смртта си има свои правила. Овие не се обични издолжени сенки во ноќта, овие се магнет за инфо, пари и тендери. Таквите брате, да ги множиш со еден е многу а со нула е малку!?

Од Бога не се плашат, со Ѓаволот си имаат пакт а луѓето им се играчки и забава... и НАЈВАЖНО  немаат лајт-мотив.

Овие креатури се само обично тесто без квасец каде нивната ништожност и желба за профит се поголеми од идеологијата и Каузата. За нив оваа историска борба за Името, за Думата и јазикот Насушен се шпанско село со фудбал на мали голчиња. Тие, овие истите имаат своја цел, своја разонода и свои правила, задоени во удбашкиот систем а облечени во фустани на овци, а тоа влци??!

Ние последните Македонци сме КОНТРАПУНКТ на се она што беше 30 години негатив пресликување во очите на обичниот граѓанин.Сега кога полека на ЕУ ниво се формира друг вид на општење и комуникација повеќе од неопходно е силна теренска работа и комуникација во 5 - та брзина наместо братоубиствена внатрешна војна.

Овие паразити кои се дел од системска и доброорганизирана

Банда се продолжена рака на онаа негативна карма која доведе до цел, на тепање и малтретитање на патриоти а во суштина со неважни позитив примања.Овие раштракани банди криминални се непотребна база за новиот систем, бидејќи секој ВАКОВ лик го враќа Човека од гласачкото место наназад...а го исфрла од македонскиот систем на расудување, го носи на граница или на аеродром да си бара среќата...

Овие луѓе ги набркаа Младите, не беа само Оние на К. И овие т. н. Негативна селекција, избрани од избрани 30 години ни ги бркаат децата и тие се тие кодош фактори, лукративни парадери и фасада на кич и лажен фолклор а во суштина Чисто Зло.

Бегајте од луѓето кои никогаш не биле Човеци!

Еднаш засекогаш, храбро... Или бидете на ниво или немој да го рушите колективното, Да, она на Каузата и на  Идеалот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.