|
|
Драги мои Македонци, не дозволувајте Македонскиот идеал да се сруши |
Манојил (Мане) Јаковлеск Македонија е прва во Европа по корупција според Транспаренси, со убедливо најлош резултат, а Економист ја стави државата во земји со хибриден режим. Тоа е така поради криминалот и корупцијата. Македонија е меѓу топ 10 земји според најголема невработеност на младите. Иселувањето е сериозен проблем. Три години Зоран Заев и СДС владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира. Економијата е далеку од ветените 5% раст. Администрацијата е партизирана. Функционерите наместо да работат, со нозете во вис го поминуваат работното време. Зоран Заев и СДС наместо на развој се насочија на раскрчмување на државата. Се делат тендери и бизниси на фирми формирани непосредно пред да се распише јавниот повик. Граѓаните се иселуваат масовно, што поради нискиот стандард, што поради нефункционалната држава. Апатијата, криминалот и безредието мора да завршат. Социјалдемократите се здружија со ѓаволот за да дојдат на власт, а сега го уништуваат македонскиот народ и неговата држава. Зарем Македонија го заслужува тоа? Драги мои Македонци, лути сте знам, и јас сум многу лут за се‘ што се случуваше овие години во државава. Лут сум на сите оние кои заради лични интереси помогнаа циркузанти да ни ја водат државата. Морам да ги ословувам со циркузанти, ми се виде како најпогоден збор. А како поинаку да ги нарекувате овие кои се на власт кои служат за потсмев во целото соседство, па и пошироко? Како поинаку можат да се наречат оние кои едно зборат наутро, а со сосема спротивен став си легнуваат? Муви без глава или циркузанти. Меѓутоа, како сите тие да заборавиле на елементот народ, навидум мирен, искусниот македонски народ кој ја препознава играта на оваа гарнитува на власт и не заборава, својот одговор ќе го даде на следните избори на 12 април. Вистинскиот Македонец не трпи уцена, вистинскиот Македонец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано. Ниту еден договор, ниту еден акт донесен од Заев не може да го поколеба чувството на секој еден Македонец дека ние сме Македонци од Македонија, дека нашиот идентитет е Македонски и дека името на нашата земја е Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христија Мицкоски е единствената сериозна политичка партија која нелицемерно и отворено кажува кој е патот со кој може да се смени оваа реалност. Драги мои Македонци, на 12 април да го направиме последниот напор и да застанеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! Одговорност после 12 април мора да има. Заев и СДС се виновни за се што и се случува на државата. МАКЕДОНИЈА НАД СЕ‘! |