|
|
Да се бега некаде или остане во Македонија |
Александар Џеповски
Да се бега некаде или остане во Македонија е големо прашање. Размислите внимателно и трезвено. Јас сум побегнат од Македонија званично од 1986 и можам да дадам одговор и совет на оваа тема. Одлуката е ваша и нема да навлегувам во приватните одлуки, секому со среќа.
Дали јас видов некаков аир ? Покрај толку убавини и тотална финансиска независност која не би ги имал во Македонија затоа што нејќам нечесно да заработувам, Македонија ми недостига премногу и би јадел леб и сол неколку месеци само да бидам таму ете и гладен во замена за воздухот Македонски макар и загаден и отровен.
Секој еден што бега од Македонија, нема да стане богат со работа, пак ќе треба мучки и некои криминали за да се купи она најосновното што луѓето имаат во Македонија - стан, можеби куќа, кола, намештај ... збогум засекогаш на другари, пријатели, роднини и најблиски. После тоа ќе се замерите со сите нив, ќе ви љубоморат дека сте се " спасиле " а нив како даночни обврзници кои плаќаат во својата напатена земја сте ги заборавиле или потцениле и оп - ќе се поделите партиски затоа што секој еден во странство ја сака повеќе и секојдневно повеќе Македонија, па така ќе ве прават глуп " патриот " што не знае ништо.
Има ли чаре за ова ? Се разбира дека има. Мора одбрана на Македонија и да ја креирате како сакате - силна, моќна, богата дури и славата на Александар да ја стигнете, но бара жртви. Треба да гледате минимално да се пролее крв доколку сте сложни и паметни, во спротивно немој да кажете дека не ви беше кажано. САМО ТАКА, СЕ РАЗБИРА И СО ПОМОШ ОД ГОРЕ, МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА СВОИ НОЗЕ И ДА ИМАТЕ ПОУБАВ ЖИВОТ ТОКМУ ТАМУ. ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА НАЈУБАВОТО ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА И ДА ПРИСТИГНЕ НАЈСКОРО ОДГОВОРОТ.
АМИН !!!
|