Среда, 29 Јануари 2020   
РИСТО ПАРГОВ (1942-2020)

Risto PargovРИСТО ПАРГОВ (1942-2020)

24 јануари 2020 година, Битола, Македонија - Вчера на 78 години возраст во Битола почина Ристо Паргов, човек кој целиот свој живот го посвети на македонската кауза.

Ристо Паргов е роден на 14 јули 1942 година во мариовското село Полчиште. Основно училиште завршил во Битола, каде живеел во Јени Маале. Млад емигрирал во Белгија. Во Белгија активно се вклучува во македонската политичка емиграција и меѓу Македонците во Европа.

Во 1957 година во Брисел го основа Македонското здружение “Тодор Александров“. Некое време бил член и на МПО. Дал голем придонес во работата на повеќе здруженија на Македонците низ Европа и светот. Бил претседател и на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Белгија, а придонел и во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во деведесеттите години на минатиот век.

Ќе се памети како македонски патриот, дисидент, револуционер и идеолог на ВМРО, посветен на борбата за независна и обединета Македонија! Бил член на тајни групи на ВМРО за време на Југословенската федерација и затворан од УДБ. Одлежал некое време затвор и во Грција, поради македонските работи.

Познат е како донатор и иницијатор за формирање на првите македонски цркви во Европа, основач бил на повеќе спортски клубови.

Остварил средби со низа странски и македонски политичари за реализација на идејата за суверена и самостојна Македонска држава. Голем број Македонци во Македонија и Европа го паметат и како голем хуманитарец.

Последните десетина години Ристо Паргов како пензионер живееше во Битола. Поради неговиот живот и дело посветени на борбата за Македонија, прогласен е за почесен член на Македонското здружение “Тодор Александров“ во Битола.

Неговото тело ќе биде изложено утре (сабота) 25 јануари од 11.00-13.00 часот во капелата на македонската православна црква “Света Недела” во Битола. Опелото и погребот ќе се извршат на Светонеделските гробишта во 13.00 часот.

Вечна му слава и Бог да го прости, нека Господ Бог ја насели неговата душа меѓу праведниците во царството небесно. Амин!

СМК

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.