|
|
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - МАКЕДОНЕЦОТ НА КОЈ САКААТ ДА МУ ЈА ОДЗЕМААТ НАРОДНОСТА |
проф.д-р Стефан Влахов-Мицов ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - МАКЕДОНЕЦОТ НА КОЈ САКААТ ДА МУ ЈА ОДЗЕМААТ НАРОДНОСТА Во своето Евангелие Матеј повикува: „СВЕТОТ НЕ ДАВАЈТЕ ИМ ГО НА КУЧИЊАТА, И НЕ ФРЛАЈТЕ СИ ГИ БИСЕРИТЕ ПРЕД СВИЊИТЕ, ЗА ДА НЕ ГИ ИЗГАЗАТ СО НОЗЕТЕ, И, ДА СЕ ВРАТАТ, И ДА ВЕ РАСКИНАТ“ [1]. Евангелистот како да ја гледал денешна Македонија во која политичари и историчари ги фрлаат бисерите на македонската историја Александар Македонски, светите браќа Кирил и Методија, свети Климент и свети Наум, царот Самоил, Гоце Делчев, на странските кучиња и свињи. А тие не само што ги газат, туку сакаат да не уништаат и духовно и физички. Само луѓе со нарушен ген можат да веруваат дека ќе ги украдат македонските историски светињи, затоа што МАКЕДОНСТВОТО не е само народностна и национална определба. Тоа е светска духовна и цивилизациска категорија, која може да биде сфатена само преку нејзиниот извор Македонија и Македонците. Само луѓе со деформиран македонски ген можат да учествуваат во комисии за распродавање и раздавање на македонското историско наследство. Тоа е атентат не само против македонскиот народ, туку и против светската цивилизација, зашто кога се одземе македонскиот дух на Александар Македонски, на Кирил и Методиј, Климент, Наум, Самоил, Делчев тие веќе го губат својот сјај и историска вредност. Едно е Александар Македонски, сосема друго Александар Велики, затоа што имаме и Карло Велики, Петар Велики и т.н., т.е. Александар Македонски се изедначува со десетици императори и кралеви и се губи неговата визија. Куриозитетно е дека Бугарите бараат Гоце Делчев да добие туѓа, т.е. бугарска народност, а македонските политичари и антиисториската Комисија за преговори со Бугарија сака да му ја одземе македонската припадност: „Делчев е многу чувствителна тема, но и неупатно е да се одговори дали бил Бугарин или Македонец“. И уште: Не е работа на Комисијата да каже. Ќе дискутираме. Ама ако оваа Комисија продолжи да инсистира и да напише документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, решение нема да има“ [2]. Од зборовите на претседателот на Комисијата произлегува дека Делчев е некаков анонимен субјект или вонземјанин кој се симнал од небо за да се бори и да умре за Македонија зашто така му текнало. Меѓутоа, Делчев е роден во Кукуш, Егејска Македонија, окупирана територија од Грција за време на Балканските војни (1912-1913). Според неодамнешниот договор од Нивици, македонските политичари ги подарија на Грција и Македонците во Егејска Македонија. Па според тоа Делчев, како и Александар Македонски може да биде третиран и како Грк. За тоа ќе одлучува другата антиисториска Комисија, овој пат за пријателство со Грција. САМО ШТО, АКО ДЕЛЧЕВ СЕ ЧУВСТВУВАЛ БУГАРИН ИЛИ ГРК, ТОЈ ЌЕ ОСТАВЕШЕ ТЕСТАМЕНТ ДА БИДЕ ПОГРЕБАН ВО БУГАРИЈА ИЛИ ГРЦИЈА. АКО ПАК БИЛ ВОНЗЕМЛЈАНИН, ЌЕ СУГЕРИРАШЕ КОСКИТЕ МУ ДА БИДАТ ИСПРАТЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА. НО НЕГОВИОТ ТЕСТАМЕНТ Е ДА БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ПРЕСТОЛНИНАТА НА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА. ЗНАЧИ ВО ПРЕСТОЛНИНАТА НА СЛОБОДНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Меѓутоа, уште во 1895 г. во писмо до Ефрем Каранов, Делчев гледа на Македонија како на „слободна државичка“ [3]. Потцртувам, не автономна, туку слободна, назависна држава. Во истата 1895 година, во судир со претседателот на бугарскиот Врховен Македонски Комитет (ВМК) генерал Данаил Николаев, Делчев изјавува: „Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари!“ [4] Тој став на Делчев оди во прилог на неговата борба за независна држава, со своја политика која не сака покровители. Својот однос не само кон бугарската политика, а и кон Бугарија Делчев го покажува со фактот дека независно што учел во Военото училиште во Софија не сакал да биде произведен како бугарски офицер. Сакал да стекне воени познавања во корист на Македонија и само се колнел во неа, но одбивал да се колне во име на Бугарија и да биде користен од Бугарите. Затоа, тоа НАМЕРНО го направил за да биде исклучен еден месец пред да добие звање. Меѓу најважните решенија на Солунскиот конгрес на револуционерната организација (1896) било прифаќањето на Уставот и правилникот на Организацијата. Разликата меѓу Уставите од 1894 и 1896 г. се суштински. Македонската револуционерна организација (МРО) е преименувана во Тајна Македоно-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО). НО НАЈБИТНО Е ДЕКА ВО НОВИОТ УСТАВ И ПРАВИЛНИК НА ТМОРО ПОИМОТ „БУГАРСКИ“, КОЈ БИЛ ПРИФАТЕН ВО 1894 Г. ВО ОТСУСТВО НА ДЕЛЧЕВ, НАСЕКАДЕ Е ИСФРЛЕН. Ѓорче Петров тврди: „јас сам го изработив Уставот“ [5]. Вистината е дека тоа го направиле Делчев и Петров. Но ако земеме предвид дека повеќе години по убиството на Делчев во 1903 г., Ѓорче Петров го користи поимот „бугарски“, „бугарско“, сосема јасно е дека точно Делчев ги исфрлил поимите „Бугарин“ и „бугарско“ од Уставот и Правилникот. Така, член 4 од Уставот веќе гласи: „Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец којшто не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството...“ [6] Бугарските тврдења дека Делчев пишувал на литературен бугарски јазик се глупи затоа што кодифицирањето на бугарскиот јазик во споретба со македонскиот траело цели 70 години. Во времето на Делчев имало три официјални писмени системи: Трновски, Каравеловски и Дриновски. Тие јазични борби продолжиле и по 1899 г. откако официјално (привремено) бил наложен иванчовскиот правопис. [7] Самиот Делчев бил загрижен за создавање на македонска книжевност: „Зар нема кој да напише барем една книга на македонски?“ и поттикнувал автори како Атанас Раздолов да пишуваат револуционерни творби [8]. Во една од своите поеми од книгата „Песните на востаникот“ (1895) Раздолов нагласува: Да покажем на Турчинот на Цинцарија и на Гркот на Бугаринот, на Србинот и на секој што ни брка Че не ламтим за корони за царштина и за слава не штем да сме ниј барони в македонската држава но се трудим да в’едем братство, равенство, слобода! Во своите писма, вклучително тие до Никола Малешевски, Делчев е дециден во својот македонски дух. Во писмо од 22 април 1897 г. посочува: „Дали има народ кој толку многу трпел од своите синови изроди - како македонскиот!“ [9] Како одеднаш на 5 јануари 1899 г. читаме: „Отцепувањата и расцепувањата никако да не нѐ плашат. Реално, жално е, но што можеме да правиме кога сме си Бугари и сите страдаме од општа болест!“ [10] Тоа е токму време на најостри катаклизми меѓу ТМОРО и Делчев и Врховниот комитет во Софија и „Братствата“ на Иван Гарванов во Солун. Нешто повеќе, ТМОРО и Делчев и бугарскиот премиер Стоилов заемно се закануваат со смрт. И токму во таков момент на Делчев му текнува дека е „Бугарин“.Тој за разлика од денешните политичари и историчари не бил ненормален. Пред писмото од 5 јануари, Делчев му пишува на Малешевски друго писмо во кое користи жестока иронија и сарказам. Во тоа писмо вели „Ние сме опкружени со цел полк такви НАРОДНИ ПРИЈАТЕЛИ (курзивот е мој, Ст. Вл.-М.), но кој може да се занимава со нив“. Уште посаркастично е продолжението на писмото: „Турците, колку побезумни се покажуваат со мерките преземени за зачувување на нивната држава внатре во Македонија, толку помудри стануваат тука пред самозаборавот на овдешните Македонци кои со својот РЕШИТЕЛЕН ПАТРИОТИЗАМ (курзивот е мој Ст. Вл.-М) не само што одат да даваат материјал на шпионите, туку и го обезбедуваат животот на последниве“. [11] Така, според иронијата и сарказмот на Делчев, душегрижниците на Македонија и на Македонците се „народни пријатели“, а пак одродените Македонци „решителни патриоти“. Во истиот контекст е и иронијата во писмото од 5 јануари, кое започнува со зборовите: „Отцепувањата и расцепувањата никако да не нѐ плашат“. Во суштина тоа бил најголемиот проблем на Организацијата и Делчев практично ги исмејува таквите тврдења. Понатаму продолжува дека „сме си Бугари“,т.е. забегани и глупи. Поимот „Бугари не е етничка определба, туку психолошка карактеристика и начин на поведение. Постојат пословици „бугарска работа“ и „убава работа, ама бугарска“, дури има истражување на тој синдром [12]. И денес во Европа се навредуваат со „Бугари“, „бугарска работа“, „Бугарски воз“ дури и во парламентите на Италија и Германија. Да се потсетиме дека поимот „Бугар“ уште од средниот век е третиран како валкана работа. Последната порака на Делчев е запишана од неговиот четник Пејо Јаворов во неговите стенографски бележници. На 12 јануари 1903 г. Делчев му кажал: „ЌЕ ГО СКИНЕМЕ ЦРНИОТ ПРЕВЕЗ И ЌЕ ИЗГРЕЕ СОНЦЕТО НА СЛОБОДАТА, НО НЕ БУГАРСКО СОНЦЕ“ [13]. Бугарите ги објавија тие белешки во 2008 г. и се обидоа да ги фалсификуваат, но не успеаја, затоа што стенограмите ги демантираат [14]. Јаворов намерно водел дел од своите најважни белешки со стенографско писмо за да не ги прочитаат неговите современици. Тогаш во Бугарија стенографијата била слабо развиена. Вистинскиот свој однос кон Гоце Делчев бугарската држава го покажа во 1991 г. кога сакаше да го смени името на градот Гоце Делчев со поранешното име Неврокоп. Тогаш беа направени обиди и за смена на името на градот Сандански со поранешното име Свети Врач. Тие обиди беа спречени од нашите Македонци во Пиринска Македонија и организацијата ОМО-Илинден. Во споредба со денешните деградирани македонски политичари и историчари, одамна целиот свет знае каков е бугарскиот менталитет. Тоа го призна пред подолго време и големиот бугарски писател-националист Николај Хајтов со зборовите: БУГАРИНОТ АКО ГО ПРИТИСНЕШ ГАЗ ДАВА, АКО ГО ОТПУШТИШ - ГАЗ БАРА“. Б Е Л Е Ш К И: [1]. Евангелие според Матеј 7 : 6 [2]. https:// www.mkd,makedonija, politika, gorgiev ne-treba-nie-da... [3]. Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО 1893-1903, Поглед низ документи, Скопје 2013, стр. 69 [4]. Крум Христов, Гоце Делчев, София 1955, стр.125 [5]. Спомени на Гьорче Петров, София 1927, стр. 51 [6]. Ванчо Ѓоргиев – цитирано дело стр.106 [7]. Русин Русинов, Историа на български правопис, София 1981 [8]. Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје 2003, стр.159 [9]. Ванчо Ѓоргиев - цит. дело стр.123 [10]. Гоце Делчев, Спомени, документи, материали, София 1978, стр. 311-312 [11]. Ванчо Ѓоргиев – цитирано дело стр. 122 [12]. Иво Сиромахов, Български работи, Софијя 2015 [13]. Личните бележници на П. К. Яворов, София 2008, сек. 248/НБКМ - БИА ф. 229, а.е.166, а.136–грб [14]. Нов фалсификат на бугарските историчари од Стефан Влахов-Мицов, Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет, Скопје 2008, с.187-192 |